Совет за етика во медиумите:Саморегулацијата е цврсто. PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 08 октомври 2019

samo1w.jpg„Саморегулацијата е цврсто настојување на медиумските професионалци да го одржуваат дијалогот со јавноста. Процесот на етаблирање на саморегулацијата е долг, но резултатите од него се поквалитетно новинарство, заштитен интегритет на медиумите, квалитетни информации за граѓаните, ослободување на влијанијата од центрите на моќ и заштита на слободата на изразување“, рече Марина Тунева, извршна директорка на СЕММ, на денешната дебата на СЕММ во Прилеп.

“Саморегулацијата во медиумите, практиките, перспективите и сегашната ситуација, како и предизвиците со кои се соочува Комисијата за жалби во нејзиното работење, беше тема на денешната дебата на Советот за етика во медиумите, на која присуствуваа новинари и граѓани.

„Конечно, властa почна да ја препознава важноста на саморегулацијата, но знаеме да се соочиме со ситуации во кои се’ уште предност и’ се дава на регулативата, а не на саморегулацијата. Ни се случува да сме цел на напади или пофалби од политичари, институции или организации, но и од медиумите. Се разбира, никој не сака да биде на тапет поради својата непрофесионалност, но мораме да продолжиме да работиме таа да се намалува. Примарна одговорност на новинарството е да создава и одржува критичка јавност и да се придржува до стандардите на професионалност“, рече Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при СЕММ.

Најголемите нарушувања на Кодексот на новинари, регистрирани од Комисијата за жалби при СЕММ, се поврзани со недоволната проверка на информациите, односно отсуството на различни извори на информации, мешањето факти и мислења, вести со коментари, нарушување на приватноста и дискриминацијата по различни основи. „Саморегулацијата не значи само почитување на стандардите од Етичкиот кодекс, туку и почитување на правото на јавноста да знае, односно да ги добива информациите брзо и точно, но за тоа е потребна и брза реакција на институциите, со цел да се намалат негативните трендови во новинарското известување“, истакна Лилјана Пецова – Илиевска, член на Комисијата за жалби.samo2w.jpg

Во периодот што следува СЕММ ќе работи на ажурирање на своето членство, како и подготовка на регистар за професионални онлајн медиуми кои се обврзале да ги почитуваат стандардите на професионалност, како и критериумите за прием во СЕММ. Критериумите се достапни на следниов линк: https://www.semm.mk/pravila-za-chlenstvo.

Денешната дебата беше организирана во рамки на Регионалната програма „Медиуми за граѓаните – граѓаните за медиумите: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за развој на МИП во земјите од Западен Балкан", а се спроведува со поддршка на Европската Унија од страна на партнерските организации: Медиацентар СараевоАлбанскиот институт за медиумиМакедонскиот институт за медиуми, Црногорскиот институт за медиумиНовосадската школа за новинарствоМировниот институт од Љубљана и Мрежата за професионализација на медиумите во ЈИЕ.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive