Злато за каратистот Павлов во Москва PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 07 октомври 2019
emilz1q.jpgКаратистот Емил Павлов го освои златниот медал во својата категорија – 60 кг на Светската премиер лига што се одржа во Москва. Павлов е кандидат за Олимписките игри во Токио и најдобриот македонски спортист за 2018.

На првенството во Москва, Павлов победи шестмина сегашни и поранешни светски прваци. Најпрвин го победи Ласло од Унгарија со 4:1, потоа Гомез од Шпанија со 6:0, потоа Калинис од Латвија со 5:3, па Бросе од Бразил со 2:0, италијанецот Анџело со 1:0 и во финалето Ерај Самдан од Турција со 3:1.

Павлов, член на карате клубот Штип, и неговиот тренер Сашко Арсовски по овој најнов успех рекоа дека силно се подготвуваа за ова Светско првенство, и најавија дека ова е само почеток на големите резултати што тие ги очекуваат за пласман и медали на Олимпијадата во Токио.

Останатите македонски каратисти Петар Заборски, Берат Јакупи, Петар Спасеновски, Виктор Крствески и Жарко Аровски не го поминаа првото коло.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive