Дела од Мичуновиќ и Тренески ќе бидат изложени во... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 07 октомври 2019

blaze1w.jpgOд утре па се’ до идниот понеделник НУ Библиотека „Григор Прличев“– Охрид во Прличевата одаја во рамките на проектот: „Роднокрајни автори родени во октомври“ ќе изложи дела од академик Миле Миќуновиќ и од Блаже Тренески, писател и поет и собирач на народни песни и обичаи.

Миле Данило Миќуновиќ, доктор на медицински науки, професор, специјалист по урологија, е роден на 12 октомври 1951 година во Кичево. Основно и средно образование завршил во Охрид, а Медицински  факултет во Скопје во 1978 година. По дипломирањето, се вработил во Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” – Охрид, од каде што се пензионира. Усниот  докторски испит го положил во 1992 година, а на 7 мај истата година на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград јавно ја одбранил и докторската дисертација “Можности за подобрување на лекувањето на неврогената дисфункција на долниот уринарен тракт кај спинални повреди” и се стекнал со титула “доктор на медицински науки”. Од март, 2018г.  тој стана акдемик, член е на Европската академија на науките и уметностите во Салцбург – Австрија.

Академик Миќуновиќ  во неговата докторска фела е познат по 400 научни и стручни трудови, 10 универзитетски книги  над 50 колумни во дневен печат и стотина популарни статии напишани на веб порталот Доктори мк.

Зад него веќе има 105 книги а во нашата библиотека пред очите на јавноста деновиве ќе бидат изложени 15 книги објавени во последниве две години а на кои издавач е токму НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

 

Блаже Тренески е роден на 12 октомври 1931 година во село Врбјани, Дебрца Охридско во земјоделско – печалбарско семејство.Основно образование завршил во родното место, прогимназија со полуматурски испит во село Белчишта, а средно медицинско училиште во Скопје. Работел како медицински техничар во општина Белчишта и тоа како: раководител на амбуланта, раководител на аптека и во исто време бил санитарен инспектор за училишните млечни кујни. Потоа се вработува во Домот за народно здравје во Струга. По една година доаѓа во Охрид и се вработува во Општата болница  како главен медицински техничар во Детското одделение во кое останал до пензионирањето.

Творечките почетоци на Блаже Тренески датираат од 1952 година кога му е објавена песната „Болна Неша“ во списанието „Народно здравје“. Истата година песната е презентирана во Здравствената народна читанка а во следната 1953 година во „Здрав народ“.

 Во 1974 година од печат излегува неговата прва стихозбирка „Од виолината на штурчето“ во издание на „Развиток“ при „Битолски весник“.  Во 1981 излегува неговата втора стихозбирка наменета за деца под наслов „Месечеви насмевки“  во издание на „Детска радост“од Скопје. Во интервалот од 1990 до 1992 година Тренески пак е во детски фазон. Ги создава и објавува стихозбирките:„ Фенерчиња“ и „Крилати фенерчиња“. И двете се во издание на Радио Охрид. Блаже Тренески е преведуван и препејуван  на албански и турски јазик. Застапен е заедно со уште четриесеттина  автори во антологијата „Луле“ на албански јазик.  Во архивата на нашата библиотека стои запишано дека творбите: „На овоштарникот на дедо ми“  и „Октомври, ветерот“ се објавени во 1990 и 1993 година во списанието Другарче.

Тренески е познат и како собирач на народни песни од охрдискиот крај. Првата книга од оваа област ја издава во 1975 година  „Подгорум село соборно“, во 1987 година излегува од печат книгата „Заѕвекоти ѓерданчето“. Во 1981 ја издава „Стојна ситноода“  а во 1984 година „Под сенка седат златари“ . „До каде одат земја се тресит “ објавена е 1986  година.  Збирките народни песни

 

Последни измени ( понеделник, 07 октомври 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive