Дела од Мичуновиќ и Тренески ќе бидат изложени во... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 07 октомври 2019

blaze1w.jpgOд утре па се’ до идниот понеделник НУ Библиотека „Григор Прличев“– Охрид во Прличевата одаја во рамките на проектот: „Роднокрајни автори родени во октомври“ ќе изложи дела од академик Миле Миќуновиќ и од Блаже Тренески, писател и поет и собирач на народни песни и обичаи.

Миле Данило Миќуновиќ, доктор на медицински науки, професор, специјалист по урологија, е роден на 12 октомври 1951 година во Кичево. Основно и средно образование завршил во Охрид, а Медицински  факултет во Скопје во 1978 година. По дипломирањето, се вработил во Специјална болница за ортопедија и трауматологија “Св. Еразмо” – Охрид, од каде што се пензионира. Усниот  докторски испит го положил во 1992 година, а на 7 мај истата година на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Белград јавно ја одбранил и докторската дисертација “Можности за подобрување на лекувањето на неврогената дисфункција на долниот уринарен тракт кај спинални повреди” и се стекнал со титула “доктор на медицински науки”. Од март, 2018г.  тој стана акдемик, член е на Европската академија на науките и уметностите во Салцбург – Австрија.

Академик Миќуновиќ  во неговата докторска фела е познат по 400 научни и стручни трудови, 10 универзитетски книги  над 50 колумни во дневен печат и стотина популарни статии напишани на веб порталот Доктори мк.

Зад него веќе има 105 книги а во нашата библиотека пред очите на јавноста деновиве ќе бидат изложени 15 книги објавени во последниве две години а на кои издавач е токму НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

 

Блаже Тренески е роден на 12 октомври 1931 година во село Врбјани, Дебрца Охридско во земјоделско – печалбарско семејство.Основно образование завршил во родното место, прогимназија со полуматурски испит во село Белчишта, а средно медицинско училиште во Скопје. Работел како медицински техничар во општина Белчишта и тоа како: раководител на амбуланта, раководител на аптека и во исто време бил санитарен инспектор за училишните млечни кујни. Потоа се вработува во Домот за народно здравје во Струга. По една година доаѓа во Охрид и се вработува во Општата болница  како главен медицински техничар во Детското одделение во кое останал до пензионирањето.

Творечките почетоци на Блаже Тренески датираат од 1952 година кога му е објавена песната „Болна Неша“ во списанието „Народно здравје“. Истата година песната е презентирана во Здравствената народна читанка а во следната 1953 година во „Здрав народ“.

 Во 1974 година од печат излегува неговата прва стихозбирка „Од виолината на штурчето“ во издание на „Развиток“ при „Битолски весник“.  Во 1981 излегува неговата втора стихозбирка наменета за деца под наслов „Месечеви насмевки“  во издание на „Детска радост“од Скопје. Во интервалот од 1990 до 1992 година Тренески пак е во детски фазон. Ги создава и објавува стихозбирките:„ Фенерчиња“ и „Крилати фенерчиња“. И двете се во издание на Радио Охрид. Блаже Тренески е преведуван и препејуван  на албански и турски јазик. Застапен е заедно со уште четриесеттина  автори во антологијата „Луле“ на албански јазик.  Во архивата на нашата библиотека стои запишано дека творбите: „На овоштарникот на дедо ми“  и „Октомври, ветерот“ се објавени во 1990 и 1993 година во списанието Другарче.

Тренески е познат и како собирач на народни песни од охрдискиот крај. Првата книга од оваа област ја издава во 1975 година  „Подгорум село соборно“, во 1987 година излегува од печат книгата „Заѕвекоти ѓерданчето“. Во 1981 ја издава „Стојна ситноода“  а во 1984 година „Под сенка седат златари“ . „До каде одат земја се тресит “ објавена е 1986  година.  Збирките народни песни

 

Последни измени ( понеделник, 07 октомври 2019 )
 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Охридски нуркачи открија колонија на ракови полни со...
podrak1q.jpgНуркачите од охридскиот клуб „Акватек” на дното на Охридското Езеро открија колонија ракови полни со јајца, што говори дека овој некогаш загрозен вид сѐ повеќе го има во езерските води,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам.
Читај повеќе...
 
Голем интерес за бесплатната консултација со тимот на
katarakt1q.jpgГолем интерес кај охриѓани за денешната презентација и бесплатни консултации со тимот на очната болница Систина Офталмологија на тема катаракта и корекција на диоптрија.
Читај повеќе...
 
Потребни се повеќе авио линии,патишта за развој на...
razvooj1ww.jpgНеопходно е да се ревидираат политиките на субвенционирање,  да се зголеми бројот на авио линии на македонските аеродроми и да се изгради нова патна инфраструктура со цел да се зголеми бројот на туристи во земјава, ова беше истакнато на презентацијата на изработената „Анализа на економски импакт на туризмот“ што  се одржа во зградата на Општина Охрид. Заеднички беше заклучено дека туризмот е подложен на надворешни влијанија, и дека мора да се води сметка на придвижувањето на економските параметри.
Читај повеќе...
 
Во дом на охриѓанец полицијата најде дрога
drogaosnovna1q.jpgПоради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.Х.(61) од Охрид. При преглед извршен во неговиот дом на 06.03.2019 година, полициските службеници пронајдоа и одзедоа опојна дрога хероин и марихуана, прашкаста материја мешавина од кофеин и парацетамол како и други предмети со остатоци од хероин.
 
Нов циклус од програмата за млади лидери
novaprograma1q.jpgПо успешно завршените два циклуси од програмата „Млади лидери создаваат иднина“, Црвен крст Охрид започнува со нов циклус на спроведување на оваа програма за млади.
Читај повеќе...
 
Поголема искористеност на ИПАРД програмите за...
tleroh1.jpgПретставници од Секторот за Туризам и локален економски развој при општина Охрид   беа дел од   обуката   за диверзификација на фармите, автохтони видови на домашен добиток и органско производство во функција на рурален развој и нови можности за користење на ИПАРД програмите за рурален развој,  што вчера се одржа во Охрид.
Читај повеќе...
 
Црвен крст:Време е за книга-children story hour

vremezak1.jpgЦрвен крст Охрид со задоволство го најавува почетокот на нов пролетен циклус од едукативната програма ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА - CHILDREN STORY HOUR кој ќе стартува на 20.02.2019 година и ќе трае 15 недели.

Читај повеќе...
 
Соработка на Вики клубот и Ретки болести од Охрид
viki1w.jpgВики клуб Охрид и Ретки болести Охрид продолжуваат континуирано во соработка. Имено, секој ден во месец февруари, како месец на ретките болести, преку Вики клуб Охрид се уредува по една статија за една ретка дијагноза на Википедија на македонски јазик
Читај повеќе...
 
Безбеден зимски авантуристички туризам
partne1q.jpgДваесет и еден случај, изгубени или повредени жители или авантуристички туристи,  во последните две години успешно ги најде Планинската спасувачката служба на Црвен Крст од Охрид благодарение на системот за развој, опремување и едукација кои се дел од Програмата за меѓугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија 2014-2020.
Читај повеќе...
 
Како да се користат средства од ИПАРД програмата
tino1ww.jpgВо организација на меѓународната консултантска компанија “Еко Глобе“ која работи на подготовка на компании и водење низ процесот на апликација за користење на средства од ИПАРД програмата, како и целосна поддршка во текот на имплементацијата на изготвените проекти, во четврток(13.02.2020 година), во просториите на хотел“Тино“(Кеј “Маршал Тито“, 55), Охрид, со почеток од 17:00 часот, ќе се одржи бесплатна презентација која ќе се однесува на можностите за користење на средства од ИПАРД програмата.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive