Милион Белгијци се одзвале на апелот за помош на... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 19 септември 2019
bebeb1q.jpgПовеќе од 950.000 Белгијци одговориле на повикот на една двојка да се соберат 1,9 милиони евра за третман кој може да го спаси животот на нејзиното бебе.

Деветмесечната Пија од Антверпен има ‘рбетна мускуларна атрофија и има потреба од лекот „zolgensma“, чија употреба не е одобрена во Европа, но може да се купи во САД. Во земја со 11,4 милиони жители, потребните пари биле собрани за само два дена, со што Пија може да почне со првиот дел од третманот.

Секој десетти Белгиец придонесол. Неверојатно е како земјата се обедини за вакво нешто. Лудо е дека парите се собрани за само два дена“, изјави мајката на Пија, Елен де Мејер.

Парите биле собрани преку СМС-пораки и кампања на сајтот „GoFundMe“ и откако тие во наредните 40 дена ќе бидат префрлени на посебна банкарска сметка, Пија со семејството ќе замине на лекување во САД.

Рбетна мускуларна атрофија е генетска состојба која ги погодува нервите во ‘рбетниот столб и бебињата со најсериозен облик живеат најмногу две години. Третманот со zolgensma се покажал успешен на тестирањата на десетина деца во САД, но е премногу скап.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive