Сензори за слењење на еколошките параметри на... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 19 септември 2019
senzor1q.jpgПред зградата на Општина Охрид е поставен првиот сензор за следење на еколошките параметри на воздухот, како дел од активностите на Пилот проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздухAIRTHINGS“, кој е дел од Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ на Европската Унија.

Проектот „AIRTHINGS“ предвидува поставувањето на 11 сензори на различни локации на јавни институции за следење на еколошки параметри на подречјето на општина Охрид, како и поставување/инсталирање на 15 филтри за домаќинства кои користат цврст енергенс за затоплување на своите домови.

За имплементација на техничкиот дел од предвидените активности, кои се дел од овој проект, задолжени се Државниот Инспекторат за животна средина и Министерството за животна средина и просторно планирање, а Одделението за заштита и влијание врз животната средина при општина Охрид, е задолжено за изборот на домаќинства кај кои ќе бидат инсталирани филтрите.

Проектот ќе ги искористи новите технологии преку т.н интелигентни сензори за мерење на квалитетот на воздухот, обезбедувајќи нови, податоци во реално време преку мрежа за формирање на интернет поврзани градови за следење на квалитетот на воздухот. Проектот ефикасно ќе го адресира загадувањето на воздухот и ќе им овозможи носење на правовремени одлуки на јавните власти, граѓаните и бизнис заедницата.

На 1-ви октомври 2019 година во Охрид ќе се одржи „Европски ден на соработка“ кога официјално ќе биде промовиран овој проект.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive