Ретка зебра со точки на телото снимена во Кенија PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 18 септември 2019
tocka1q.jpgНеобична зебра со бели точки место ленти по телото беше забележана во Кенија и се верува дека е прва од таков тип во националниот резерват Масаи Нара.

Фотографот Рахул Сачдев прв ја снимил младата зебра овој месец и нејзиниот необичен изглед се должи на состојба наречена меланизам. Спротивно на албинизам, тој се јавува кога животно ќе се роди со нагласен темен пигмент во кожата.

Грбот на зебрата е целосно црн, а белите ленти ги има само на нозете.

„Кај оваа зебра вообичаените бели ленти не се развиле како што треба и место тоа, таа на кожата има мали бели точки и ленти“, вели водичот од паркот Ентони Тира.

Тој додава дека вакви зебри, за жал, не преживуваат долго во природа, најмногу околу шест месеци.

Во меѓувреме, зебрата доби и име – Тира, според презимето на водичот.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive