Девет нови локации за паркирање велосипеди PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 17 септември 2019
velosipedskiparkinzi1q.jpgГрадоначалникот на Охрид, Константин Георгиески присуствуваше на промоција на проектот „Паркинзи за велосипеди“ што денес се одржа во непосредна близина на Поштата во центарот на Охрид. Проектот е дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност во Охрид.

Во изјава за медиумите градоначалникот Георгиески истакна дека општината застанува зад сите активности кои значат поредуцирано користење автомобили, кои можат да се заменат со велосипеди или одење пеш до предвидената локација.

  velopark1q.jpg

 

– Во насока на градење здрави животни навики и во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај пред се во централното градско подрачје ние како локална самоуправа поддржани од ГИЗ и ЗЕЛС реализиравме проект вреден околу 600 000 денари за поставување на девет велосипедски постојки на повеќе локации во градот. Имаше потреба од соодветни места за паркирање велосипеди . Станува збор за  проект кој е корисен и практичен за охриѓани. Всушност малите нешта го поедноставуваат животот на луѓето и го прават поефикасно нивното секојдневно движење низ градот –рече градоначалникот Георгиески.

 

Градоначалникот најави и нов проект на задоволство на сите оние кои сакаат да возат велосипеди.

– Ние сме во фаза на изработка  на еден проект за формирање  систем на градски велосипеди којшто ќе биде електронски како во сите модерни градови. Сите нови улици кои се проектирани или се во фаза на градење ќе добијат велосипедски патеки како што е случајот со улица „АСНОМ“ каде се градат две –додаде Георгиески.

 Постојки за велосипеди се поставени на девет локации во Охрид. Две паркиралишта има во непосредна близина на поштата, по едно на улица „Македонски Просветители“ кај скаличките во близина на  трговски центар „Амам“, на улица „Туристичка“ кај охридскиот зелен пазар, кај меѓуградската автобуска станица во Охрид , пред „Маларична“, кај Факултетот за туризам и угостителство  и пред општинската зграда.

Последни измени ( вторник, 17 септември 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive