Катица Јанева остана без работа PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 16 септември 2019
bezrabota1q.jpgПоради нестручно и несовесно работење, Советот на јавни обвинители ја разреши Катица Јанева и од обвинител. Во петокот Советот ја разреши од специјален, а денеска и од обвинител воопшто. Јанева е во притвор од 21 август, како осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања во случајот „Рекет,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам.

Помошниците на Јанева, како што објави САКАМДАКААЖАМ.МК, се враќаат од местата кај што дошле.

Тие не може да се унапредат во виши обвинители како што вели Законот за Специјално обвинителство, зашто тој закон уште постои и не е укинат. Не е укинато со закон СЈО, сѐ уште, рече по денешната седница претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски. Обвинителите Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Артан Ајро се враќаат во Основното јавно обвинителство Скопје, Лиле Стефанова во Основното јавно обвинителство (ОЈО) Радовиш, зашто во мај 2018 година ѝ престанал мандатот во ОЈО за организиран криминал. Обвинителите од СЈО Бурим Рустеми и Љубомир Лапе се враќаат во ОЈО Куманово, Елизабета Јосифовска во ОЈО Гостивар и Стевчо Донев во ОЈО Кочани.

За распределбата на предметите на СЈО, рече Колевски, надлежен е Државниот обвинител Љубомир Јовески и Советот не може да се меша во тоа. Денешните судења за предметите на Специјалното обвинителство се одложија по барање на Државниот обвинител Јовески, поради тоа што во тек е попис на добиените предмети и докази од СЈО.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive