Собранието едногласно ја разреши Катица Јанева PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 14 септември 2019
Собранието денеска едногласно ја разреши притворената Специјална обвинителка Катица Јанева. Јанева е разрешена поради незаконито, несовесно и нестручно раководење со институцијата Специјално јавно обвинителство (СЈО). За разрешувањето на Јанева гласаа 102 пратеници, немаше против и воздржани.katica200k.jpg

Собраниската седница за разрешување на Јанева траеше нецел еден час. Илија Димовски и Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ му забележаа на Џафери дека требало побрзо да ја закаже седницата за разрешување, а тој им одговори дека го чекал исходот од лидерската средба за Законот за јавно обвинителство. Јован Митревски од СДСМ кажа дека неговата партија ќе гласа за разрешување на Јанева и дека сите вмешани во „Рекет“ ќе одговараат.

Одлуката на Собранието сега ќе биде испратена до Советот на јавни обвинители, кој што треба да свика седница за да се констатира разрешувањето на Јанева.

Јанева е во притвор од 21 август, осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања во случајот „Рекет“. Таа беше избрана за Специјален јавен обвинител на 15 септември 2015 со 108 гласа „за“ и нејзиниот мандат истекуваше утре.

Разрешувањето на Јанева доаѓа еден ден откако Јавното обвинителство ги презеде предметите од СЈО со согласност на сега веќе разрешената Специјална обвинителка.

Последни измени ( сабота, 14 септември 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive