Концерт на Томохиро Адачи во "Света Софија" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 14 септември 2019

adaci1q.jpgВо организација на Националната установа „Охридско лето“, в сабота, на 14 септември, во црквата „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 20 часот, концерт ќе одржи јапонско-хрватскиот пијанист Томохиро Адачи.

Томохиро Адачи дипломира на Академијата за музичка уметност на Универзитетот во Загреб, Хрватска, во 2007 година. Иако е млад уметник, зад него стои богата интернационална кариера во Европа, Австралија, но и во Источна Азија. Добитник е на многу награди на Интернационалниот музички натпревар „СЕИЛЕР“,на Меѓународниот музички натпревар „Јоханес Брамс“,на Интернационалниот натпревар за пијано „Камило Тоги“, на Меѓународниот натпревар за пијано „Антон Рубинштајн“, на Рома меѓународниот натпревар за пијано“ ...

Адачи е основач на јапонско-хрватското музичко друштво во Токио и негов претседател, притоа, организирајќи  бројни концерти со врвни музичари од цела Јапонија и странство, секогаш со една цел, воведување на  хрватските мелодии и хрватската култура во Јапонија.

Како врвен музичар, и самиот тој изведува мелодии на хрватските композитори Дора Пејачевиќ, Божидар Кунц, Борис Папандопуло, Иво Јосиповиќ, Франко Параќ и други.

Од НУ „Охридско лето“ велат  дека  и годинава продолжува практиката, концерти на класична музика да се одржуваат не само во стандардниот фестивалски термин, од 12 јули до 20 август, туку и во текот на целата година, со цел, да се збогати културната понуда во градот и државата, но и да се презентираат исклучително добри уметници од светот на класичната музика.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive