Акција: "Чисто,како дома исто" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 13 септември 2019
zacisto1qq.jpgАктивностите за справување со цврст отпад се од суштинско значење  за заштита на  животната средина и градење поздрава иднина за сите нас. Ова беше истакнато  на почетокот    на  акцијата за чистење на  Охридското Езеро и крајбрежје,  поддржана од Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија,  како дел од акцијата „Чисто  како дома исто“.

Градоначалникот, Константин Георгиевски  кој даде  директна поддршка и заедно со   нуркачите од  клубот за подводни дејности „Охрид“ нурна во езерските води од каде се вадеше отпад ,  непосредно пред почетокот на акцијата во изјава за  медиумите рече:

– Во оваа прилика дозволете да ја упатам мојата благодарност до   организаторите  и до сите учесници во   акцијата за чистење на Охридското Езеро и крајбрежјето  затоа што преку неа се потврдуваат   стратешки определби на локалната власт  за чист Охрид кој не случајно заедно со езерото е под заштита на УНЕСКО како светско културно богатство и природна реткост. Управувањето со отпад е еден од најозбилните проблеми со кои се соочува денешниот Свет,  а  кои се однесуваат на зачувување на чистата  животна средина.  Ваквите акции  се чекор напред во напорите Управувањето со отпад во нашата земја да се прилагоди на  барањата на Европската Унија со цел да се воспостави систем на интегрално управување со отпад.  Станува збор за комплициран проблем кој бара добри организациски капацитети и соработка помеѓу бројни страни во приватниот и јавен сектор. Се надевам дека ваквите активности со кои во голема мера допринесуваме во заштита на животната средина ќе бидат пракса и во иднина затоа што само така ќе обезбедиме поздрава иднина за сите нас- посочи Георгиевски.

Евро амбасадорот Самуел Жбогар и Даниела Нелепа од Македонската Асоцијација за  цврст отпад, укажаа на суштината на денешната акција за чистење на езерото и крајбрежјето и за слични активности кои се алка во низата која ќе не поврзе со европското семејство.

Настанот е во организација  на Македонската Асоцијација за цврст отпад (МаСВА), поддржана од Делегацијата на ЕУ во земјава,Општина Охрид, ЈП „Охридски комуналец“и колективниот постапувач „Нула Отпад ДОО- Скопје. Во чистењето на Охридското езеро учествуваа нуркачи од Клубот за подводни дејности  од Охрид.

Вечерва во црквата Св. Софија во Охрид  свечено ќе биде отворена конференцијата „Комуникација за управување со отпад“. На работниот дел што утре  ќе се одржува во Струга учество ќе земат претставници на меѓународни организации, интернационални експерти, на централната и локалните власти и специјализирани компании.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive