Светскиот ден за прва помош ќе се одбележи... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 13 септември 2019
svetskiden1q.jpgЦрвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува  луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од  нагло настанати заболувања или повреди. Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземеање на брза акција за намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот.

-И оваа година со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на овогодинешниот Светски Ден за Прва помош (14 септември),  ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош, за придонес во промените за проширување и подобрување на обуките за првата помош како хуманитарен чин и клучна компонента за еден посовремен и поширок пристап,велат во Црвен крст.

Темата на Светскиот ден за Прва помош е Првата помош и маргинализираните лица. Во тие рамки Црвен крст Охрид ќе го одбележи Светскиот ден на првата помош на 14.09.2019 г. (сабота) на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ и Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, каде во периодот од 10-12 ч.  тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид ќе презентираат знаења и техники за укажување прва помош при различни повреди. 

 

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА 

 

Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 14.09.2019 (сабота) во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“  во периодот од 9-14 ч.

-Ги покануваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција,порачаа од Црвен крст во Охрид

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive