Починал за време на секс,обвинета француска компанија PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 12 септември 2019
kompa1qq.jpgФранцуска компанија е прогласена за одговорна за смртта на својот вработен кој претрпил срцев удар за време на секс додека бил на службен пат.

Суд во Париз пресуди дека смртта била несреќа на работно место и дека семејството на починатиот треба да добие компензација. Компанијата тврдеше дека тој не бил на должност кога примил гостинка во своја хотелска соба.

„Според француски закони, работодавецот сноси одговорност за секоја несреќа што ќе се случи за време на деловно патување“, изјави судијата.

Починатиот работел како инженер за железничка компанија од Париз. Тој починал во хотелска соба во централна Франција во 2013 година како резултат на она што работодавецот го нарече „вонбрачен сексуален однос со странец“.

Компанијата се бранеше дека „сексуалната активност е нешто нормално, како туширање или јадење“, но судијата изјави дека таа мора да им обезбедува социјална заштита на своите вработени цело време додека се на службен пат.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive