Од 1-ви октомври лековите на рецепт без... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 12 септември 2019
lekov1q.jpgЛековите на рецептот од први октомври во аптеките ќе се издаваат без ограничувања со квоти. Ќе може да се подигнат од сите аптеки што имаат договор со Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) со лична карта на тој што подига.

„Од први октомври, при препишување на лекови ќе се бара граѓанинот да покаже лична карта, како и при подигање на лекот. За децата, лековите ќе ги подигаат родителите. Ќе може да подигнат лек и за член на семејството, но тој што подига да покаже лична карта”, вели Даниел Дончев, директор на Фондот за здравствено осигурување и додава дека со тоа ќе се реши недостатокот на лекови на рецепт.

Минатиот месец, квотите на аптеките беа укинати во туристичките места Охрид, Дојран, Гевгелија, Ресен и Струга. Министерот за здравство Венко Филипче тогаш рече дека во овие места квотите побрзо се трошат, бидејќи има граѓани кои таму одат на подолготраен престој и ги трошат лековите.

„Од она што имаме како податоци, во одредени места беше зголемена потрошувачката на лекови“, рече Орхан Рамадани директор на Фондот.

Тој најави дека планираат за неколку месеци да воведат електронски рецепт, а хартиените рецепти да ги укинат.

„Притоа, ќе се воведе систем на скенери на личните документи и во реално време ќе имаме информација и евиденција на кого е препишан лекот и кој го подигнал“, рече Дончев.

Тој кажа дека планираат да ги субвенционираат читачите во аптеките.

„Чинат околу 300 евра и планираме да ги покриеме тие трошоци, но тоа ќе биде откако ќе направиме промена на системот“, рече Дончев.

Тој кажа дека имаат податоци дали и колку укинување на квотите ќе влијае на потрошувачката на лекови, но дека тоа дополнително ќе информираат.

„Битно е дека граѓаните веќе нема да стравуваат дека ќе останат без лек“, рече Дончев.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive