Петкоска:Дали е во ред да се потрошат 100 илјади евра за.. PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 12 септември 2019
petkoskali1q.jpg-Недомаќинското работење на Георгиески и директорот на МЈП „Проаква“ – РЕ „Водовод“, Владимир Алексијоски е недозволиво за една општина којашто е заглавена во долгови за кои течат камати на дневна основа.рече на денешната прес конференција 
Лидија Петкоска, советник во Советот на општина Охрид и претседателка на УЖ ОК Охрид.

-Дали е во ред да потрошат преку 100.000 евра пари на граѓаните за да поделат К-15 на вработените додека охриѓани мака мачат со основните потреби за живот?

Парите се потрошија, а проблемите на граѓаните со водоснабдувањето останаа нерешени.

Зошто им го ускративте тоа на жителите на улиците „Абас Емин“, „Бекир Али Риза“ и дел од „Македонски просветители“ коишто мака мачат цело време со водата?

Жителите од Стар град, Кошишта и улицата „Кирил и Методиј“ очекуваа решавање на проблемот со водата, а не цела сезона заедно со туристите да се соочуваат со немање притисок и да остануваат без вода.

Дали само за избори Ви се важни гласовите на жителите од Лескоец, Лакочереј, Подмоље и Ливоишта, а сега се правите дека не ги слушате нивните гласови и зборови иако не сте им го решиле проблемот со водоснабдувањето?

Локалната власт зема лош пример и учи од централната која пак наместо одобрување на системот за третман на отпадни води за сите населби во сливот на Охридското Езеро со ребалансот крати 186.500.000 денари на име проект за водоснабдување и одведување на отпадни води.

Но за СДСМ е сè во ред, затоа што нели има вишок средства и сè  е средено.

За жал суровата вистина е дека граѓани кои плаќаат даноци на овој град сè уште немаат вода за пиење во 21 век.

Со Локалната власт на СДСМ и Георгиески нема живот, нема напред,порача Петкоска.
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive