Стартува едукативната програма:"Време е за книга" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 11 септември 2019

vremezakniga1q.jpgЦрвен крст Охрид  го најавуви почетокот на есенскиот циклус од едукативната програма ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА - CHILDREN STORY HOUR кој ќе стартува на 19.09.2019 година и ќе трае 15 недели.

ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА - CHILDREN STORY HOUR е програма која се спроведува повеќе од 10 години во рамките на програмските активности на Црвен крст Охрид и е наменета за деца од 4 до 7 годишна возраст. Оваа интересна програма овозможува поттикнување и развој на креативноста, емоционалната сигурност, хуманоста и солидарноста кај децата уште од најмала возраст. Тимот волонтери кои ја водат програмата, на забавен и интерактивен начин ја поттикнува љубовта кон книгата и знаењето и користењето на англискиот јазик кај дечињата. Користејќи ја детската литература на англиски јазик од библиотеката во Црвен крст Охрид, дечињата учат како да се грижат за книгите, да ги чуваат, изнајмуваат, читаат и враќаат. Преку песничките и друштвените игри се овозможува децата да се дружат меѓу себе и да ги јакнат комуникациските вештини. Катчето за креативни работилници нуди одлична можност за поттикнување на креативноста, истражување и користење нови материјали и техники.

Покрај програмата за децата, оваа програма е надополнета со организирани дискусиони групи за родители. менторирани од страна на стручни лица од различни области, според потребите и желбите на родителите (педагози, психолози, педијатри, стоматолози, социјални работници...).

Уписите се во тек и ќе траат до 17 септември

Пријавување за есенскиот циклус на ВРЕМЕ Е ЗА КНИГА - CHILDREN STORY HOUR освен во просториите на Црвен крст Охрид секој работен од 8-16 ч. може да се изврши и електронски со пополнување на соодветна апликација на следниот линк

 https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfix2N43DKsPPt7R4X8n5TpPC5pijnBXMzx2z3WghNPzX5QeA/viewform
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive