Хуманитарна акција во амбасадата на САД во Скопје PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 11 септември 2019
donator1ww.jpgХуманитарна акција за донирање храна и крв денес во амбасадата на САД се одржува по 11 пат, заедно со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина. Американската амбасадорка Кејт Брнз, која и сама донираше крв, повика на вклучување во акцијата што ќе трае до 16 часот. Таа им се заблагодари на присутните кои дојдоа да донираат на денот на сеќавање на жртвите од нападите врз САД на 11 септември 2001.

„На овој ден се сеќаваме на околу 3.000 луѓе кои ги загубија животите во терористичките напади и им оддаваме почит со тоа што се обидуваме да направиме добро што ќе поделиме со заедницата. Нашата амбасада 11 години во Скопје со колеги и пријатели во Северна Македонија организира донирање крв и храна и секоја година се зголемуваат донациите. Минатата година 400 луѓе донираа крв и тоа е најголема бројка досега, а имаме најава дека специјалната единица на армијата на Северна Македонија ќе прати 50 војници“, рече Брнз.

Таа рече дека оваа акција е блескав пример како заедницата која ја сочинуваат луѓе од различни етнички, верски и политички верувања може да направат позитивна промена. Ги раскажа сториите на првите тројца кои стигнале на местото и ги дале своите животи помагајќи им на илјадници да се спасат од зградите кои горат во Њујорк.  Брнз се заблагодари на сите волонтери од Црвениот крст како и на сите вработени од Институтот за трансфузиона медицина.

„Ова е пример за соработката меѓу двете земји, и мал начин да ја искажеме поддршката на Северна Македонија од скоро две децении за партнерство и заедничко жртвување против насилниот екстремизам“, рече Брнз.

Саит Саити од Црвениот крст рече дека за десет години соработка со амбасадата на овој настан имале 2.200 дарители на крв, биле донирани 12 тони храна, 250.00 денари, со кои направиле 1.880 пакети со кои помогнале на 7.520 лица.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive