Честитка од Георгиески по повод Денот на независноста PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 08 септември 2019
kocest1q.jpg-Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам најискрени честитки по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија-8-ми Септември.

Овој историски ден е симбол на одлучноста и непоколебливоста на нашиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна, суверена и стабилна држава. Пред точно 28 години, македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина.

Денес стоиме на чекор пред остварувањето на сонот, нашата татковина да стане рамноправна членка на НАТО и на Европската Унија, каде што рамо до рамо со светските сили ќе продолжиме да ја јакнеме демократијата и да создадеме услови за стабилен економски развој и квалитетен животен стандард. Мораме да продолжиме да бидеме сплотени и заеднички да работиме кон остварување на оваа цел, која ќе донесе просперитет за нас и нашите идни поколенија.

Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна Република Северна Македонија!, се вели во празничната честитка на градоначалникот Константин Георгиески.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive