Вакцинирајте ги,или оставете ги дома,порака во Њујорк.. PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 04 септември 2019
vakcinan1q.jpgОткако њујоршките власти во јуни, среде најголемата епидемија на мали сипаници од 1992 година, ја укинаа можноста за невакцинирање од верски причини, родителите на илјадници деца се најдоа пред тежок избор: тие да бидат вакцинирани или да не одат на училиште.

Според Министерството за здравство, повеќе од 26.000 деца од јавни и приватни училишта не примиле вакцини од верски причини и тие сега имаат рок од 14 дена да ја примат првата доза за секој вид имунизација и во наредните 30 дена мора да ја закажат втората.

Некои родители кои се противат на вакцинирањето избрале да ги повлечат своите деца од училиште.

„Тие што избрале вакцинирање не го прават тоа затоа што нивните верувања се промениле. Но, не мислиме сите така да постапиме“, вели Џина Гентри, која избрала нејзините четири деца да учат дома оваа есен.

Њујорк е четвртата сојузна држава, по Калифорнија, Мисисипи и Западна Вирџинија, која ги укина верските и личните мотиви како причина за невакцинирање. Од повторната појава на мали сипаници во октомври 2018, во градот Њујорк имало 654 заразени и уште 414 во целата држава. Повеќето од нив биле во локалните еврејски заедници.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive