Наставниците утре ќе штрајкуваат,нема да ги... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 01 септември 2019
nastava1q.jpgНаставниците утре нема да ги примат децата во училиштата, велат од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) најавувајќи го утрешниот предупредувачки штрајк бидејќи се незадоволни од покачувањето на платите за 5 отсто.

„Сите наши членови ќе дојдат на работа, ќе бидат во една просторија додека трае работниот ден, но нема да ги прифатат децата кои ќе дојдат на училиште. Ова ќе биде предупредувачки штрајк. Од вторник наставниците ќе одржуваат настава, но бараме преговори со Владата за исполнување на нашето барање за покачување на платите на просветните работници за 25 отсто. Ако до крајот на септември не се исполни нашето барање, во октомври ќе излеземе на штрајк“, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Министерот за образование Арбер Адеми денеска на прес-конференција во Владата ги повика наставниците и вработените во училиштата утре да почнат со настава и да ги прифатат децата.

„Не се сеќавам дека некогаш се организирал штрајк во земјава кога имало одлука за покачување на платите. Ние како Влада работиме на подобрување на материјалниот статус на просветните работници, како и на условите за работа и учење на децата. Изминатава година, платата на наставниците се зголеми за 10 отсто за разлика од лани. Отворени сме за преговори со СОНК, а се разгледуваат можности за ново покачување на платите догодина. Штрајк се организира кога нема услови, а ние велиме има услови за понатамошно ново покачување на платите. Затоа апелирам сите наставници, директори и вработени во училиштата да се подготват за утрешниот прв училишен ден, кој е многу важен за првачињата“, рече Адеми.

За Неделков, изјавите на министерот за образование Арбер Адеми настава в понеделник да се одржи и училиштата да бидат отворени да ги примат децата, се еден вид притисок.

„Се врши притисок на наставниците, особено на оние кои треба да прифатат првачиња. Добиваат телефонски повици утре да ги примат децата“, рече Неделков.

Од СОНК велат дека кон предупредувачкиот штрајк можат да се приклучат и оние кои не се членови на синдикатот.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive