Притворената Катица Јанева ќе се разрешува од... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 27 август 2019
odluka1qq.jpgСоветот на јавни обвинители на денешната сеница не ја разреши веднаш притворената Специјална обвинителка Катица Јанева, туку седум часа членовите го читале обемниот материјал против неа, собран во истрагата за „Рекет“ што им го доставила шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска,пишува најчитаниот македонски сајт Сакам да кажам

Рускоска кажа дека пред Советот ги презентирала сите докази и искази на сведоци кои досега ги има Обвинителството за случајот „Рекет“ каде осомничени и во притвор се Бојан Јовановски-Боки 13, Зоран Милески-Кичеец и Катица Јанева.

Поради обемноста на материјалот, членовите не биле во можност да расправаат и да донесат одлука за разрешувањето на Јанева, беше кажано од Советот на јавни обвинители. Седницата по оваа точка, Советот ќе ја продолжи в четврток.

Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата дека како обвинител влијаела на олеснување на состојбата на осомничени и притворени лица во истраги на СЈО, стекнувајќи за тоа лична материјална корист за себе, но и за прво и второосомничените во „Рекет“ Боки 13 и Зоки Кичеец.

Во законот за СЈО не е предвидена замена за Специјалната обвинителка, ниту е утврдена постапка за избор на нов шеф.

Јанева поднесе оставка на 15 јули, и рече дека ќе стане активна тогаш кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение и ќе го изберат нејзиниот наследник. Оставката ја најави со објава на сајтот на СЈО, кусо откако иститот ден беа приведени прво и второосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец. Мандатот на Јанева истекува на 15 септември.

Денеска Собранието ја усвои потребата од донесување на новиот Закон за Јавно обвинителство по скратена постапка, според кој СЈО ќе стане дел од новото Обвинителство за организиран криминал и висока корупција. За четврток се закажани расправите за овој Закон во Комисијата за европски прашања и Законодавно-правната комисија.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive