33-ти Охридски атлетски маратон PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 25 август 2019
atletski1ww.jpgНа 8 септември  Охрид ќе биде домаќин на  33 по ред  Охридски атлетски маратон. Меѓународниот  атлетски маратон ќе се одржи на 30 километарската патека   каде за прв пат, од годинава, ќе се реализира и штафетна трка  во 3 делници од по 10 километри. Првата делница завршува во  селото Трпејца, втората кај  населбата Лагадин и третата делница завршува на целта кај НАционалната установа Дом на култура „Григор Прличев“ во Охрид. Пријавувањето за годинешниот Охридски атлетски маратон е започнато и ќе трае до 05 септември 2019 година а подигнувањето на стартните пакети за сите пријавени ќе се одржи на 07 септември  во Спортската сала „Билјанини Извори“  од 12:00 до 20:00 часот.

Организациониот одбор на Охридскиот атлетски маратон, информира дека сите податоци околу котизација, стартните пакети и наградниот фонд може да се проследат на www.smartrace.club. Котизацијата за сите учесници на маратонската трка изнесува 900,00 денари и 2.250, 00 денари за штафетната трка.  За членовите на Интернационалната полициска асоцијација цените се 600,00 денари за маратонската трка со 1800,00 денари за штафетната трка.

Охридскиот атлетски маратон со меѓународен карактер, е еден од најстарите атлетски манифестации на нашите и пошироките простори. Маратонот, во континуитет се одржуваше од 1976 година до 1993 година. Оваа спортска манифестација започна  од општински и прерасна во сојузен и меѓународен Атлетски маратон со постојан пораст на бројот на учесници кој се зголемуваше од 4 во 1976 година  до рекордни 150 учесници во 2017 година.  

Иницијативата за организирање на Охридскиот атлетски маратон, во 1976 година дојде од  Живко Стојчевски, кој со помош од тогашната спортска асоцијација „Софка“  ја организирал атлетската трка со само 4 учесници од Охрид. Стојчески бил дел од маратонците и бил победник а  до денес е најтрофејниот  учесник на овој маратон. Охридскиот атлетски маратон,  непречено се одржуваше  до 1993 година и беше организиран на 7-ми Ноември како спортски настан по повод ослободувањето на Охрид. После 10 годишна пауза, а по иницијатива на покојниот проф. Влатко Димитров и другите членови од сегашниот организационен одбор,  во 2004-та година обновен е  Охридскиот атлетски маратон со што се продолжи  традицијата на оваа голема атлетска трка. Повеќе податоци за историјата на овој маратон може да проследите на www.iamo.mk каде може да ја видите листата на победници по години како и галерија на слики од минатите настани.
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive