Божиновски ја обвини локалната власт за ... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 23 август 2019
bozp1q.jpg-Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не градат едно општество за сите граѓани туку урнисуваат во секоја сфера на општественото живеење,кажа да денешната прес конференција Перчо Божиноски,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:


Градоначалникот Георгиески и директорката на ЈП „Градски пазар“, Кристина Крлеска-Деспотоска наместо доизградба на затворениот пазар ги оставија граѓаните и пазарџиите, и ова лето без основни и елементарни услови за функцинирање.

Зошто не е завршена градбата на затворениот пазар иако истата досега требаше да биде завршена?

Свеченото отворање веќе неколку пати се пролонгира, па беше најавено во март од кое нема ни трага, а за скоро ќе помине и целата летна сезона.

Зошто се дозволи да биде пробиен рокот за изградба на новиот објект?

Што се случи со поставувањето нов покрив, нова фасада и поделба на хала за текстил на две нивоа?

Каква е таа комисија што ќе се формира и на кој начин истата ќе склучи Анекс на договорот?

Локалната власт на СДСМ и градоначалникот Георгиески со одолговлекувањето на изградбата го доведува во прашање нормалното работење на пазарот.

Нема никакво целосно модернизирање на услугите од кои ќе бидат задоволни и купувачите, но и закупците. Нема ниту деловен простор за користење, ниту паркинг места.

Ако имаат малку совест треба веднаш да понесат одговорност директорката заедно со градоначалникот Георгиески затоа што ЈП „Градски Пазар“ трпи големи загуби.

СДСМ не може да реализира целосно ниту еден проект започнат од ВМРО-ДПМНЕ, а да не зборуваме за нови капитални проекти. СДСМ и Георгиески не создаваат современи услови за работа, подобра клима за развој на стопанството и воопшто не работат во функција и интерес на граѓаните.рече Божиноски.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive