Почина документаристот Мето Петровски PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 22 август 2019
metopet1q.jpgМето Петровски, еден од најистакнатите македонски режисери на документарни филмови, почина денеска во Скопје на 84 години.

Петровски беше снимател, филмски и телевизиски режисер, а во кариерата од скоро пола век режирал повеќе од 60 документарни и кусометражни филмови и бројни телевизиски емисии.

Дебитира со докуменатарецот „Селидби“, а со „Вирово“ учествува на Филмскиот фестивал во Кан во 1968.

Завршил Филмска школа во Белград, на отсекот за филмски снимател. По едногодишната практика во „Вардар филм“, на конкурсот во Советот за култура на Македонија добил стипендија за студии на Филмскиот институт во Загреб, отсек режија, а паралелно студирал режија и светска и југословенска литература на загрепскиот универзитет.

Во 1990-те години Петровски беше директор на „Вардар филм“ и претседател на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ).

Во 2011 ја доби наградата „Златен објектив“ која ја доделува Кинотеката за исклучителен придонес во македонската кинематографија.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive