Катица ќе може да оди на погребот на нејзината мајка PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 21 август 2019
katja1q.jpgСпецијалната обвинителка Катица Јанева доби мерка притвор во траење од 30 дена, како трета осомничена во случајот „Рекет“, покрај Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милески-Кичеец. Јанева како обвинител нема имунитет, иако јавнообвинителската функција е со доживотен мандат. Таа веднаш оди во истражниот затвор во Шутка, каде ќе ја помине првата ноќ лишена од слобода, но изутрина заминува за родниот град Гевгелија. Обвинителката за организиран криминал и корупција пред судијата на претходна постапка се согласила на Јанева да и биде овозможено присуство на погребот на нејзината мајка, на градските гробишта во Гевгелија, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК Основниот суд Скопје 1.

Мајката на Јанева починала по повеќемесечно боледување, токму кога полицијата ја апсеше специјалната обвинителка утринава во нејзиниот дом во населбата во Козле во Скопје.

„Ова за мене беше најтешкото соочување во мојата јавнообвинителска кариера. Не станува збор само за мебел од 5.000 евра, има уште докази во постапката. Има судир на интереси што адвокатот Стеван Павлески е адвокат на обвинети од Јанева. Адвокатот зеде обврска тој и неговата канцеларија да ги откажат тие полномоштва. Во меѓувреме, се собраа многу докази дека Јанева го сторила кривичното дело. Јас не барам притвор бадијала“, рече по изрекувањето на мерката притвор обвинителката Вилма Рускоска.

Последни измени ( среда, 21 август 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive