Охридско лето е ново патување на Одисеј,кажа... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 21 август 2019
odisej1q.jpgОхридско лето е почеток на едно ново Одисеево патување, кажа режисерот Александар Поповски по синоќешната претстава „Одисеј”, за која се бараше билет повеќе и која го наполни Античкиот театар на затворањето на фестивалот.

„Одисеј“ е претстава што го долови враќањето дома на еден човек, во својата татковина, во својот двор, под својата маслинка. Поповски и драматургот Дора Делбијанко во текстот на Горан Стефановски препознаа простор за иронично отстапување од митот, пародија, фарса, па дури и за бурлеска. „Одисеј“ е еден вид потсмев на Одисеј, кој го иронизира трагичниот пиедестал, а истовремено ја задржува драмската тензија, полемизирајќи притоа за темите на војната, геноцидот, силувањата на жени во војна, поствоениот хаос и цивилизациската пропаст како последица на воените пустошења.

 

Годинашната драмска програма на Охридско лето беше посветена на големиот драмски писател Горан Стефановски, кој почина во ноември минатата година. Неговите драми имаа нешто заедничко. Преку трагедијата на едно семејство, авторот ни ја предава историјата на македонскиот народ со своите болки и рани, социјалните неправди, политичките разидувања и со стремежот за подобро утре.

 

Претставата, направена според текст на Стефановски и извонредно режирана од Поповски, остави силен впечаток врз преполниот амфитеатар. Актерите во овој копродукциски проект од театрите „Гавела“ од Загреб, „Улисис“ од Бриони, Српски народен театар и Стериин театар од Нови Сад, „Драма“ од Марибор, „Ателје 212“ од Белград и „Навигатор“ од Скопје ги откажаа сите нивни ангажмани во изминатиот период за да бидат дел од оваа претстава и синоќа на сцената покажаа врвна актерска игра и донесоа позитивна енергија и силни пораки.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive