Марко најави нов подвиг за Голема Богородица PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 21 август 2019
markon1ww.jpgМарко Пејчиноски, кој лани на 28 август со некроза на ногата ја преплива патеката од Свети Наум до Охрид, најави нов подвиг за празникот Голема Богородица, кога ќе плива од Охрид до Свети Наум, па преку Струга назад до Охрид.

„Конечно сакам и јас нешто да објавам на мојата фан страница. После испливани преку 1.000 километри, напорни тренинзи, нервози, пречки, ветришта, бранови, дожд, ладно и топло време, официјално кажувам дека на празникот Голема Богородица ќе пливам од Охрид до Свети Наум, па преку Струга назад до Охрид. Се гледаме на целта. Господ да ни поможит, мене и на сите”, напиша Марко на својата Фејсбук страница.

Марко има некроза на еден дел на коската на ногата како резултат на пореметување на крвотокот во тој дел од ногата. Тоа доведува и до проблеми со моториката. Тој во пливањето повеќе ги користи рацете отколку нозете и знае како да го синхронизира тоа.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive