Паѓа владата во Италија PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 20 август 2019
konte1q.jpgИталијанскиот премиер Џузепе Конте објави дека поднесува оставка откако жестоко го нападна својот коалициски партнер Матео Салвини.

Во говорот во парламентот, Конте го обвини Салвини дека неодговорно креира политичка криза во Италија заради лични и партиски интереси.

„Салвини само ги гледа своите лични интереси и оние на партијата. Свикување избори секоја година е неодговорно и ќе има сериозни последици. Ја користам оваа прилика да соопштам дека на претседателот на Републиката ќе му ја доставам мојата оставка на премиерската функција“, кажа Конте, кој со овој потег го избегна гласањето за негова доверба.

Лига, крајнодесничарската партија предводена од Салвини, и Движењето пет ѕвезди формираа владејачка коалиција пред само 14 месеци, при што Конте беше избран како независен премиер. Салвини, кој е вицепремиер и министер за внатрешни работи, истакна дека веќе не може да соработува со Пет ѕвезди и се шпекулира дека тој ќе ја искористи својата зголемена популарност за да се избори за нови избори.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive