Стефаноски својата Итака сакаше да ја најде во Охрид PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 20 август 2019
itaka1q.jpgДа се донесе „Одисеј“ на Охридско лето и да се соберат сите овие луѓе беше како составување мозаик од камчиња, кои пред 5-6 години се растуриле по светот, кажа селекторот на драмската програма Александар Поповски, кој е и режисер на претставата со која вечерва се затвора фестивалот.

„Овие луѓе патуваат, играат и настапуваат насекаде низ светот и воопшто не е едноставно да ги соберете на едно место. Желба ми беше поради Горан Стефановски оваа претстава да ја играме токму во Охрид и тој тука, на своевиден начин, да ја најде својата Итака. Не се надевав дека ќе успеам во тоа, но одговорот на сите уметници на кои им се обратив беше фасцинантен. Сите тие откажаа и снимања и патувања за да се соберат тука и да ја одиграме оваа претстава. Тоа се работи што ми кажуваат дека вреди што се занимавам со оваа професија”, кажа Поповски на денешната прес-конференција.

Српскиот актер Светозар Цветковиќ, кој го игра Зевс, вели дека процесот на создавање на претставата оставил трага врз сите кои се дел од неа, како во нивните животи, така и во професионалниот ангажман.

„Од последната изведба на ‘Одисеј‘ пред пет години се случија толку многу настани во нашите животи, театарот и во овој свет, во кој веќе го нема Горан. Режисерот Поповски нѐ собра повторно во чест на Стефановски. По временска дистанца од пет години, можам да кажам дека со првото соочување со текстот воопшто не бев свесен колку сме пред времето во кое живеевме тогаш и оти, за жал или за среќа, со таа претстава сме пред времето на сѐ она што се случува во театарскиот живот на овие простори. Оттаму, тоа што го направивме и што ќе го изведеме вечерва има причина да постои и во иднина и да претставува театар кој е вистински печат како на Горан Стефановски, така и на Поповски”, рече Цветковиќ.

Хрватскиот актер Озрен Грабариќ публиката ќе го види во главната улога на Одисеј.

„Во текстот на Горан има една реченица дека ‘Итака никогаш не била цел за себе, туку целта било самото патување‘. Затоа ми се чини логично и убаво и Горан и ‘Одисеј‘ и оваа дива орда да продолжат да патуваат и понатаму“, порача Грабариќ.

Ова е копродукциски проект на „Гавела“ од Загреб, „Улисис“ од Бриони, Српски народен театар од Нови Сад, „Драма“ од Марибор, „Ателје 212“ од Белград, Стериин театар и на Театар Навигатор од Скопје.

Севкупната драмска програма во рамките на годинашното „Охридско лето“ му беше посветена на Горан Стефановски, кој почина во ноември минатата година.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive