Стефаноски својата Итака сакаше да ја најде во Охрид PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 20 август 2019
itaka1q.jpgДа се донесе „Одисеј“ на Охридско лето и да се соберат сите овие луѓе беше како составување мозаик од камчиња, кои пред 5-6 години се растуриле по светот, кажа селекторот на драмската програма Александар Поповски, кој е и режисер на претставата со која вечерва се затвора фестивалот.

„Овие луѓе патуваат, играат и настапуваат насекаде низ светот и воопшто не е едноставно да ги соберете на едно место. Желба ми беше поради Горан Стефановски оваа претстава да ја играме токму во Охрид и тој тука, на своевиден начин, да ја најде својата Итака. Не се надевав дека ќе успеам во тоа, но одговорот на сите уметници на кои им се обратив беше фасцинантен. Сите тие откажаа и снимања и патувања за да се соберат тука и да ја одиграме оваа претстава. Тоа се работи што ми кажуваат дека вреди што се занимавам со оваа професија”, кажа Поповски на денешната прес-конференција.

Српскиот актер Светозар Цветковиќ, кој го игра Зевс, вели дека процесот на создавање на претставата оставил трага врз сите кои се дел од неа, како во нивните животи, така и во професионалниот ангажман.

„Од последната изведба на ‘Одисеј‘ пред пет години се случија толку многу настани во нашите животи, театарот и во овој свет, во кој веќе го нема Горан. Режисерот Поповски нѐ собра повторно во чест на Стефановски. По временска дистанца од пет години, можам да кажам дека со првото соочување со текстот воопшто не бев свесен колку сме пред времето во кое живеевме тогаш и оти, за жал или за среќа, со таа претстава сме пред времето на сѐ она што се случува во театарскиот живот на овие простори. Оттаму, тоа што го направивме и што ќе го изведеме вечерва има причина да постои и во иднина и да претставува театар кој е вистински печат како на Горан Стефановски, така и на Поповски”, рече Цветковиќ.

Хрватскиот актер Озрен Грабариќ публиката ќе го види во главната улога на Одисеј.

„Во текстот на Горан има една реченица дека ‘Итака никогаш не била цел за себе, туку целта било самото патување‘. Затоа ми се чини логично и убаво и Горан и ‘Одисеј‘ и оваа дива орда да продолжат да патуваат и понатаму“, порача Грабариќ.

Ова е копродукциски проект на „Гавела“ од Загреб, „Улисис“ од Бриони, Српски народен театар од Нови Сад, „Драма“ од Марибор, „Ателје 212“ од Белград, Стериин театар и на Театар Навигатор од Скопје.

Севкупната драмска програма во рамките на годинашното „Охридско лето“ му беше посветена на Горан Стефановски, кој почина во ноември минатата година.

 
< Претходно   Следно >

Спорт

Занимливости

Живот

Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    
Авто Вести

ОПШТИНА ОХРИД

msnastani.jpg

WEDDING

k shpanec.jpg

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

ВЕБ

Страдална седмица Воскресение Христово

Хардвер

Објавени спефикациите и цената за Sandy Bridge


sandybridge_thumb.jpgОбјавени спефикациите и цената за Sandy Bridge

На страниците на EXPreview објавени се спефикациите, цената и датумот кога ќе биде претставена новата генерација на процесори од Intel, Sandy Bridge.

Видео

ЛИТИЈА - ЕОРДИЈА ВО ЧЕСТ НА СВ. ГЕОРГИЈ ПОБЕДОНОСЕЦ СТРУГА

Иновации

Најнови технолошки чуда

robototlola.jpgНа тукушто завршениот Саем за наука и технологија во Хановер беа претставени многу интересни достигнувања. Роботот Лола, електромобилот, еколошкиот цемент, се само неколку од достигнувањата кои ја заинтересираат светската јавност.

Софтвер

Хардверски антивирус

kaspersky-antivirus.jpg
 Руската компанија за компјутерска безбедност Kaspersky,  патентираше хардверски вградено антивирусно решение. Антивирусниот систем базиран на вградени хардверски модули може да се користи за чистење на веќе заразени компјутерски систами, а користи надградба на својата антивирусна база независно од самиот систем.     Извор :Ентер

 

Видео

Последни Вести

Сензори за слењење на еколошките параметри на...
senzor1q.jpgПред зградата на Општина Охрид е поставен првиот сензор за следење на еколошките параметри на воздухот, како дел од активностите на Пилот проектот „Ефикасно користење на новите технологии за чист атмосферски воздухAIRTHINGS“, кој е дел од Програмата „Интерег Балкан-Медитеран“ на Европската Унија.
Читај повеќе...
 
Тешка сообраќајка на патот Струга-Дебар,еден починал
policija6.jpgНа 18.09.2019 во 18.55 часот на регионалниот пат Струга-Дебар случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Ќ.(56) од охридското село ГорноЛакочереј и трактор без регистарски ознаки, управуван од М.Ф.(48) од струшкото село Велешта.
Читај повеќе...
 
Сообраќајка на патот Струга-Дебар,има и повредени
policija6.jpgНа 17.09.2019 во 16.45 часот на регионалниот пат Струга–Дебар, на крстосница од локалниот пат кај селото Добовјани и патот кој води кон селото Велешта, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Југо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.П.(58) од Вевчани и патничко моторно возило „Фоксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.Б.(54) од Велешта.
Читај повеќе...
 
Нуркачот Паскали го "доопреми" апартманот...
umivalnik1q.jpgНуркачот Никола Паскали го доопреми апартманот со умивалник од дното на Езерото.
Читај повеќе...
 
Девет нови локации за паркирање велосипеди
velosipedskiparkinzi1q.jpgГрадоначалникот на Охрид, Константин Георгиески присуствуваше на промоција на проектот „Паркинзи за велосипеди“ што денес се одржа во непосредна близина на Поштата во центарот на Охрид. Проектот е дел од активностите за одбележување на Европската недела на мобилност во Охрид.
Читај повеќе...
 
Комуналците ја чистеа плажата Лабино

lap1e.jpgПо налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици  Ј.П.„Охридски Комуналец„ денес спроведе акција за расчистување на дивата депонија на плажата Лабино лоцирана во делот под карпите. Поради непристапноста на теренот акцијата се спроведуваше со помош на чамец и беа ангажирани 7 комунални работници.

Читај повеќе...
 
Физичка пресметка на "Јане Сандански"

nasilie1q.jpgНа 16.09.2019 околу 15.30 часот во СВР Охрид пријавено е дека на улица „Јане Сандански“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Џ.(63) од Охрид и Б.С.(59) од Скопје.


 

Читај повеќе...
 
Децата од "Јасна" во дефиле по повод Европската...
evropska300j.jpgСо  соодветни транспаренти во рака дечињата згрижени во   ЈОУДГ  „Јасна Ристеска“, денес  продефилираа низ централните градски  улици и кејот и се вклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност. Настојувајќи да покажат дека и тие се   учесници во сообраќајот  кои сакаат да биде многу побезбеден без возила тие ја пренесоа пораката „Рака за рака “.
Читај повеќе...
 
Изложба на книги на роднокрајни автори во...

rodenivo1q.jpgВо НУ Библиотека „Григор Прличев“ од утре до петок 20 септември ќе биде отворена изложба на дела од роднокрајни автори родени во септември.

Читај повеќе...
 
Ретка фотка на охридски крап
redok1ww.jpgОхридскиот нуркач Никола Паскали успеа во езерските води да направи ретка фотка на охридски крап.
Читај повеќе...
 

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive