ВМРО-ДПМНЕ бара инспектори да влезат во... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 20 август 2019
domza1q.jpg-Културата и културните содржини во Охрид ниту со Константин Георгиески, ниту со Зоран Заев одат напред. Во НУЦК „Григор Прличев“ катастрофална е состојбата во програмското управување и менаџирањето со човечките ресурси и вработени во институцијата,кажа на денешната прес конференцијата на Перчо Божиновски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

-Дали за директорот Горан Симоновски стручно управување значи да се дискредитира работната етика, професионалност и еднаквост кај вработените?

Зошто во повеќето одделенија речиси половина од вработените не доаѓаат и не се повикуваат да се појавуваат секој ден на работа без никакво образложение од страна на раководството на установата?

Од друга страна вработените во Одделението за техничка служба се организираат во работа на смени.

Зошто на оваа категорија вработени огромен дел од своето работно време им се наложува да вршат други работи кои не кореспондираат со опусот на нивните работни задачи?

Нели ваквиот однос индицира на еклатантен облик за притисок врз вработените и покрај нивната континуирана професионална работна ангажираност при работниот процес?

ВМРО-ДПМНЕ бара од Министерството за култура и Министерството за труд и социјална политика – Државен инспекторат за труд, подрачно одделение – Охрид да спроведат:

Проверка на работната евиденција на сите вработени во Установата,   

Обезбедување еднаков третман согласно работните компетенции и задолженија на сите вработени во Установата,

Заштита од несоодветни работни задолженија, спротивни на нивните работни квалификации и компетенции за време на работното време и процес во НУЦК „Григор Прличев“ Охрид.

За Власта на СДСМ којашто ветуваше живот за сите, не важат приципите на солидарност, еднаквост и работна етика,рече Божиноски.

Последни измени ( вторник, 20 август 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive