Во Вевчани заврши фестивалот на народна култура PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 20 август 2019
zakraj1q.jpgСиноќа на анфитеатарот во центарот на Вевчани заврши 9-тиот по ред фестивал на народна култура ,,Пображење”- Вевчани.

На завршната вечер со своја целовечерна програма се претставија членовите на Вокално -инструменталниот состав ,,Аманет” од Скопје, а дел од народната култура на Хрватска презентираа и членовите на фолклорниот ансамбал при центарот за традиционална култура од Вараждин. Во рамките на програмата беше промовирано и ликовното дело на Аница Китаноска-Вевчанска која оваа година беше учесник на фестивалот во програмската содржина: ,,Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници”.

Стручниот совет на фестиваот: проф.др Мирјана Мирчевска, проф.др Даворин Трпевски, проф.др Велика Стојкова-Серафимовска, Јовица Блажевсли и Наташа Кукоска одлучија оваа година Плакетата ,,Чувари на традицијата” за најуспешна презентација на фестивалот да ја доделат на ВИС,, Аманет” од Скопје. Многубројната публика со силни аплаузи ја поздрави одлуката, а уште повеќе со аплаузи ја поздравуваше секоја нивна песна и инструментална изведба.

- Многу сме задоволни од годинешното издание на фестивалот, бидејќи програмата се реализира во целост без никакви технички  проблеми и пропусти, сите фестивалски вечери беја проследени од многубројна публика, имавме многу групи од различни држави кои успеавме да ги дочекаме, угостиме и испратиме среќни и задоволни и уште еднаш потврдивме дека КУД,,Дримкол” од Вевчани е достоен чувар на традицијата во нашето место и држава, секое успешно завршено фестивалско издание за нас е среќа, задоволство, но, и обврска за уште поуспешно следно издание на ФНК,,Пображење”- вели Јасмина Бебекоска, програмски координатор на фестивалот. Овој фестивал од година во година расте и се развива, а од мината година се впиша и во календарот на ЦИОФФ. 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive