Исланѓани тагуваат по првиот глечер што умре PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 19 август 2019
taguvaat1q.jpgИсланѓани жалат за загубата на глечерот Окјокул, кој умре по 700 години постоење. Тој и официјално беше прогласен за мртов во 2014 година, кога веќе не бил доволно густ за да може да се движи. Од него сега е останато само мало количество мраз на врвот на вулкан.

На церемонијата на којашто беше откриено спомен обележје во чест на Окјокул присуствуваше и премиерката Јакобсдотир.

„Ок е првиот исландски глечер кој го загуби овој статус. Во наредните 200 години се очекува сите наши најголеми глечери да ја доживеат неговата судбина. Овој споменик е признание дека знаеме што се случува и што треба да се преземе“, стои на обележјето наречено „Писмо за иднината“.

Глациологот Одур Сигурдсон ги фотографира глечерите низ земјата во последните 50 години и тој првпат во 2003 забележал дека снегот побрзо се топи отколку што може да се насобере на Окјокул.

„Во 2014 лично проверив и глечерот не се движеше. Тој не беше доволно густ и тоа го нарекуваме мртов мраз“, изјави Сигурдсон.

Глечерите имаат големо културно значење во Исланд и, според пописот на Сигурдсон, во 2000 година ги имало повеќе од 300 низ земјата.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive