На Струшките вечери на поезијата читањата за прв пат... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
понеделник, 19 август 2019

verzija1ww.jpgНа 21 август во Струга же бидат отворени 58-те Струшки вечери на поезијата . Ќе учествуваат 32 странски и 30 домашни поети, програмата на фестивалот има 52 настани, а покрај Струга како град-домаќин, каде ќе се одржат најголем дел од настаните, поетите во рамките на програмата „Поезија на пат“ ќе се претстават и во Охрид, Калишта, Куманово, Велес, Прилеп, Небрегово и Скопје. 

На годинешниот поетски фестивал се воведуваат и повеќе нови содржини.

“Најпрво, фестивалот ќе стане четиријазичен - покрај на македонски и англиски, главните читања на фестивалот ќе бидат и на албански и француски. Најголемиот дел од настаните ќе бидат пренесувани во живо на официјалниот YouТube. Како новитет, „Струшки вечери на поезијата“ годинава преку повикот за волонтери, отвори можност за млади луѓе, вљубеници во пишаниот збор, да се ангажираат во логистичкиот дел на фестивалот и да добијат можност да се запознаат и да се дружат со врвни поетски имиња”,соопштија од Струшките вечери на поезијата.

 Автор на годинашната „Поетска порака“, која ќе биде прочитана на церемонијата на  отворањето на фестивалот е истакнатиот македонски поет Влада Урошевиќ, на кој по повод осумдесет и петгодишниот јубилеј во рамките на Програмата му е посветен посебен термин за поетски портрет. 

 

Фестивалските настани почнуваат в среда, 21 август 2019 година во 10 часот со садење дрво во Паркот на поезијата во Струга и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2019 година, славната романска поетеса Ана Бландијана.

Потоа во 12:30 часот во Конгресната сала на хотелот „Дрим“ ќе се одржи прес-конференција со лауреатката Бландијана.

Гала-отворањето на „Струшки вечери на поезијата 2019“ ќе почне во 20:30 часот на платото пред Центарот за култура.  Половина час подоцна на истото место ќе почне поетското читање „Поетски меридијани“.

Програмата следниот ден, 22 август 2019 година, ќе продолжи во 10 часот во хотелот „Дрим“ со Портрет на Зоран Анчевски, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци” за 2018 година.

За главните фестивалски настани - Гала-отворањето и за затворањето на фестивалот ќе биде обезбеден превоз од Скопје преку два правци: Скопје-Кичево-Струга и Скопје-Велес-Битола-Струга, а по завршувањето на настанот, ќе има враќање истата вечер.

 

 

 

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive