Две музичку куќи ги откажаа настапите на Пласидо откак PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 14 август 2019
plasido1w.jpgОркестарот во Филаделфија и Операта во Сан Франциско ги откажаа настапите на Пласидо Доминго, а Операта во Лос Анџелес најави истрага, по објавувањето на приказната на АП дека осум оперски пејачки и една балерина го обвинуваат светски познатиот тенор за сексуално малтретирање. Доминго е генерален директор на Операта во Лос Анџелес од 2003, а претходно беше уметнички директор, функција која му овозможува моќ при доделувањето на улоги и кастинзи, а токму тоа е едно од обвинувањата, дека на таков начин им ги градел или уништувал кариерите на уметниците.

Некои од жените рекоа дека Домиго ја користeл моќта од Операта во Лос Анџелес и од други места да се обиде да ги принуди на сексуални односи, а некои кажаа дека тој ги казнувал професионално ако ги одбиеле неговите понуди за настапи.

Најпрестижната светска оперска куќа Метрополитен реле дека ќе ги почека резулатите од истрагата на Операта во Лос Анџелес, „пред да донесе какви било одлуки за иднината на Доминго во Мет, каде што треба да настапи следниот месец“.

Седумдест и осум-годишниот Доминго е еден од најмоќните личности во уметничкиот свет, а триесетина луѓе за АП кажаа дека неговото однесување со години било строго чувана тајна.

Оперската ѕвезда не одговори на повиците на АП, но во писмениот одговор стои: „Обвинувањата од овие неименувани лица кои потекнуваат од пред триесет години се длабоко вознемирувачки и неточни. Сепак, болно е да слушнам дека можеби сум вознемирил некого или сум направил некој да се чувствува непријатно – независно од тоа пред колку време се случило и покрај моите најдобри намери. Верував дека сите мои односи и интеракции секогаш биле добредојдени. Оние кои ме знаат и кои работеле со мене, знаат дека не сум некој кој намерно ќе повреди, навреди или засрами некого. Како и да е, сфаќам дека правилата и стандардите според кои денес нас нѐ оценуваат се различни од тоа како беа во минатото. Благословен сум и привилегиран дека имам кариера повеќе од 50 години и дека ќе продолжам да се држам до највискоките стандарди“.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive