Вечер на Живко Чинго во Велгошти PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 14 август 2019
vecerz1q.jpgСиноќа во атарот на црквата „Света Петка“ во село Велгошти се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“.

Во рамки на манифестацијата, која ја организира Општина Охрид, свое обраќање имаше заменик градоначалникот на Охрид, Ристо Николески.

-Чувствувам огромна привилегија и гордост како човек и како историчар, оваа убава вечер да сум тука, на ова уникатно место, на овој прекрасен настан и тоа што имам можност да му оддадам почит, на еден од најмаркантните литературни дејци во нашата понова историја, нашиот голем и единствен Живко Чинго.

По својата оргиналност и квалитет, неговото богато творештво е познато, признато и вреднувано од врвната литературна критика, а неговите дела се преведени и презентирани на многу светски јазици. Многумина рекле дека неговата раскажувачка дарба била огромна, а неговите раскази се полни со емоција и оддаваат впечаток дека се создадени во еден здив.

Покрај високата уметничка и културна вредност, неговите романи, драми и раскази, претставуваат едно вистинско историско сведоштво, една хроника за развојот на македонското општество. И во минатото и денес, неговите зборови, неговите пораки имаат универзална смисла и носат една голема општествена тежина.

Убеден сум дека овие пораки и во иднина ќе ни го покажуваат вистинскиот пат, по кој треба да се движи нашето општество, како што и самиот тој вели „ќе нема богати и сиромаси, едно лепче ќе се делит на сите, не ќе има гладни, не ќе има жедни, власт народна човече. Човекот ќе дојде на своето место, на прво место човекот, разбираш, да си биде тоа што си е од природата, човек“.

Со цел, достоинствено да го славиме, почитуваме и вреднуваме неговото дело, Општина Охрид, традиционално и оваа година го распиша Конкурсот за најдобар расказ за наградата „Живко Чингo“. Упатувам искрени честитки до добитникот на овогодинешната награда, а воедно упатувам и голема благодарност до сите автори кои зедоа учество на овој литературен конкурс. Се надевам дека оваа традиција ќе продолжи и дека и во иднина ќе го негуваме и почитуваме делото на Чинго и дека ќе го оставиме како аманет на идните генерации. Нека му е вечна слава и нека се чествува уште многу години неговото големо име, истакна Николески.

Пред присутните говореше годинешниот добитник на престижната награда „Живко Чинго“ за најдобар расказ Драгана Лукан Николоски, а годинешен беседник за ликот и делото на големиот литературен великан беше Алла Гјенадевна Шешкен. Исто така свое обраќање пред присутните имаше и внукот од син на Живко Чинго,  младиот Емил Чинго.

Во рамки на културно- уметничката програма, настапи познатиот македонски саксафонист, охриѓанецот  Горан Папаз и Културно –уметничкото друштво „Филиграни“ од село Велгошти.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive