Турција запали над 300 илјади книги што биле поврзани ... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 10 август 2019
zapali1r.jpgПо обидот за пуч во Турција во 2016, повеќе од 300.000 книги се отстранети од турските училишта и библиотеки и уништени, соопшти Министерството за образование на Турција.

Министерот за образование Зија Селчук изјави дека 301.878 книги се уништени, како обид на Владата да се справи со сѐ што е поврзано со Фетула Ѓулен, религиозниот лидер кој живее во САД и кој е обвинет од Турција за поттикнување на неуспешниот пуч. Ѓулен негираше дека бил инволвиран.

Податоците ги објави тиражниот дневен весник „Хуриет“, откако фотографиите од одземените книги и нивното палење ги објави  интернет-страницата „Кронос27“. Според сајтот „Турки пург“ , кој се опишува како „мала група на млади новинари кои се обидуваат да бидат гласот на турскиот народ кој е под угнетувачки режим“, во 2016, учебник по математика беше забранет затоа што иницијалите на Ѓулен биле наведени како точки во задача, т. е. од точка Ф до точка Ѓ.

Во декември 2016, турскиот весник „БирЃун“ објави дека 1.8 работни тетратки се уништени па реиздадени затоа што го содржеле зборот „Пенсилванија“, каде живее Ѓулен. Исто така, и улиците со името Ѓулен во Анкара биле преименувани.

Организациите за слобода на говор рекоа дека се вознемирени од изјавите на министерот за образование. „За само три години, 29 издавачки куќи се затворени со итна наредба поради ‘ширење на терористичка пропаганда’“, стои во заендичкото соопштение на меѓународниот ПЕН и на ПЕН од Англија.

Во извештајот на англискиот ПЕН од 2018 стои дека дека 200 медиуми и издавачки куќи се затворени, 80 писaтели се под истраги и имаат обвиненија против нив, а 5.822 професори се избркани од 118 државни универзитети.

„Владата драматично го зголеми своето влијание врз медиумите и издаваштвото, и ги замоли критичките гласови. Ги повикуваме туркските власти да дозволат повтроно отворање и незавинсо работење на издавачките куќи“, вели ПЕН.

Последни измени ( сабота, 10 август 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive