Доделени дипломите на матурантите од Охридската... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 10 август 2019
diplomi300t.jpgНа свечена пригода, вечерва, во дворот на Охридската гимназија беа доделени дипломите на матурантите од генерацијата 2018/19.

Пред присутните се обрати градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, кој на матурантите им порача да бидат свои и да работат на својот талент.

 

– Некои ќе речат дека најтешко е да се зборува на телевизија, други пат ќе кажат дека најтешко е да се одговара пред професор, трети ќе речат дека најтешко е да се зборува пред маса народ и сите тие грешат. Најтешко е да се зборува пред млади луѓе, ентузијасти, кои се наоѓаат на животниот крстопат со тешка одлука по кој пат да го продолжат животното патување. А јас како човек кој што сум имал можност да се обраќам во секаква пригода, ве уверувам дека токму ова обраќање е најтешкото.

Додека се подготвував за овој настан, со мислите се навратив на моментите кога јас се наоѓав на Вашето место. Присетувајќи се на веселите и среќни денови, безгрижното другарување, но и на моментите кога требаше да ја донесам одлуката кој пат ќе го изберам. Тогаш одлучив дека во животот ќе се бавам со медицина и во ниеден момент немам зажалено за мојот избор. Иако чекорејќи во иднината на животот не беше воопшто лесна мисија. Впрочем како и секоја работа во која целта е висока.

 Како планинар – рекреативец, сакам да ве уверам дека горе на врвот погледот е фасцинантен, само оној којшто го издржал сиот напор качувајќи се по планинските сртови ја имал приликата да ужива во погледот. На таков начин функционира и животот, исполнет со голем број на падови и подеми. Животот не е замислен, да се живее само за да се заработи колку да се платат сметките и да се чека викенд. Секој човек, секој еден од Вас овде присутен има талент. Работата е во тоа дали имаме доволно храброст да го откриеме и работиме на талентот. Храброста можеби и е клучот за успех во животот, но без чест успехот ќе биде  површен. Како што своевремено ќе рече еден од најголемите мислители во светот Аристотел:

„Не можете да направите ништо во овој свет без Храброст. Храброста е најголемиот квалитет, одма после Честа“.

Затоа драги мои ризикувајте, ризикувајте за да го имате чувството дека поседувате нешто вредно.

Не постои страст играјќи на мало, и прифаќајќи животот кој сметате дека не е за Вас. “, ќе каже Нелсон Мендела.

Искористете ги приликите кои Ви се даваат, не се плашете од падовите, бидејќи после секое паѓање следи станување. Во медицината таквата крива линија ни покажува живот. Извлечете поука од секоја ситуација и подгответе се подобро за следната прилика и среќата ќе биде на Ваша страна, бидејќи

„Среќата е она што се случува кога подготвени ќе се соочите со дадената прилика“.

И запомнете единствена конкуренција во животот сте самите себеси, личноста која што сте биле вчера, со она што сте денес, како би биле подобри утре.

Од овде, од ова место, јас гледам генерација успешни охриѓани кои во најдобро светло ќе не претстават низ светот и чии имиња ќе бидат впишани во плејадата сограѓани кои дале свој придонес и добробит во различни области.

Нека Ви бидат среќни овие мигови, и нека Господ ви дари поволен ветар во грб.

Да сте ми живи и здрави, рече градоначалникот Георгиески.

Дополнително манифестацијата беше збогатена со презентација на класовите и културно – забавна програма, подготвена и реализирана од професорите и учениците.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive