Млечниот Пат не е рамен диск,открија... PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 08 август 2019
mlecen1q.jpgАстрономите ја објавија досега најдетаљната, тридимензионална мапа на Млечниот Пат, која покажува дека нашата галаксија не е рамен диск, како што се претставува во школски текстови и научни книги, туку е искривена, како „винил кога ќе се остави на сонце“.

Новата мапа беше објавена во магазинот „Нејчр“ од астрономите од Универзитетот во Варшава и тие сметаат дека нејзиниот облик се искривил преку интеракциите со околните галаксии во минатото.

Популарната слика на Млечниот Пат како рамен диск се базирала на набљудувањето на 2,5 милиони ѕвезди од можни 2,5 милијарди.

„Тие уметнички претставувања се само груби приближувања до вистинскиот облик на нашата галаксија. Ние сѐ уште сме далеку од тоа да ги разбереме внатрешната структура и историјата на Млечниот пат, делумно и поради тоа што е многу тешко да се измери оддалеченоста на ѕвездите во надворешните региони“, изјави д-р Дорота Сковрон од Универзитетот во Варшава.

За да добијат поточна слика, Сковрон и нејзините колеги ја мереле оддалеченоста на некои од најсветлите ѕвезди во Млечниот Пат. Станува збор за масивни, млади ѕвезди илјадници пати посветли од нашето Сонце, кои можат да се набљудуваат и ако се наоѓаат на работ на галаксијата. Тоа им овозможило на научниците да ја пресметаат нивната оддалеченост со голема прецизност.

„Нашите резултати покажаа дека Млечниот Пат не е рамен, туку е искривен далеку од својот галактички центар“, додаде Сковрон.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive