Почина нобеловката Тони Морисон PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 06 август 2019
nobelovka1ww.jpgАмериканската нобеловка за литература Тони Морисон, една од најголемите современи писателки, почина во болница во Њујорк на 88 години, соопшти денеска нејзиниот издавач „Алфред А. Кноф“. Морисон е прва Афроамериканка која добила Нобелова награда, во 1993, за „визионерска сила“ и за „нурнување во самиот јазик, јазикот што таа сака да го ослободи од категориите за бело или црно“, како што образложи Шведската академија.

Делото на Морисон длабоко се фокусираше на афро-американската култура, нејзините дела „Љубена“, „Соломоновата песна“, „Најсиното око“ ја трансформираа американската литература со драматизирање на потрагата по слобода во рамките на расата.

За романот „Љубена“, во кој мајката мора да направи трагичен избор дали да го убие бебето за да го спаси девојчето од ропство, Морисон доби Пулицерова награда во 1988. Во 1998, Опра Винфри играше и го продуцираше филмот според овој роман.

Морисон го објави првиот роман „Најсиното око“ на 40 години, а додека наполни 60, по само 6 романи, таа стана првата Афроамериканка што доби Нобелова награда. Во 2012 претседателот Барак Обама ја одликува со Медал на слободата.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive