Новата сала на Лос Анџелес Клиперс ќе личи на мрежичка PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 01 август 2019
mrezicka1q.jpgМетални панели во форма на дијаманти ќе ја обвиткуваат новата спортска сала на НБА клубот Лос Анџелес клиперс, што ја дизајнираше студиото „АЕКОМ“. Таа ќе се гради во градот Инглвуд во областа на Лос Анџелес и треба да биде завршена во 2024 година, кога на Клиперс му истекува договорот за играње во „Стејплс центар“.

„Овалниот објект ќе биде покриен со метални панели, што ќе потсетуваат на занишана мрежичка низ која поминала кошаркарска топка. Влезот во форма на спирала ќе отвора пукнатини во фасадата, што ќе овозможи природната светлина да навлезе подлабоко во објектот“, велат од студиото.

Панелите се дизајнирани така да овозможуваат максимално искористување на сончевата енергија.

„Новата арена на Клиперс е доказ дека заштитата на животната средина и економскиот развој не мора заемно да се исклучуваат. Ова ќе биде повеќе од НБА арена“, додаваат од студиото.

Се очекува комплексот да ѝ донесе на локалната заедница приход од 268 милиони долари во наредните 25 години.

„Сакаме ова да биде најдобар дом на еден спортски клуб на светот“, кажа првиот човек на Клиперс, Стив Балмер.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive