Во Трпејца почува културното лето "На зајдисонце" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
недела, 21 јули 2019
zajdisonce1qq.jpgВо организација на Здружението за развој и промоција „За Трпејца со љубов“ од Охрид од вечерва  до 29 јули во Трпејца  ќе се одржи  Културно – забавното лето „На зајдисонце“

И ова издание  на манифестацијата финансиски е помогнато од Министерството за култура и Општина Охрид.

Честа да го отвори летото  ќе и припадне на Претседателката на Советот на општина Охрид Живка Ангелоска а на чинот на отворањето се очекува да присуствува и градоначалникот  Мирослав Коварик од  општина Модра – Чешка.  

Први на  манифестацијата која од година во година привлекува сè повеќе туристи во оваа крајезерска населба ќе настапат игроорците од  Фолклорниот ансамбл „Бисери“ под уметничко раководство на Татјана Узуноска Тренеска. На фолклорот и традицијата ќе им  претходи отворањето на ликовната изложба на отворено – избор на дела од  првото издание на Уметничката колонија „Трпејца 2018“  одржана во организација на истото здружение минатиот септември и помогната од Министерството за култура.

Публиката ќе може да ги види делата на охридските уметници: Ѓоко Симјаноски, Слободан Пупиноски и Свето Стефановски, како и на браќата Гоце и Владимир Илиевски од Скопје.

Денес по 17 часот почнува дводневната работилница  за деца  „Цртаме на зајдисонце“ под раководство на уметникот Слободан Пупиноски. Ден потоа, но и наредните денови творбите на младите уметници ќе бидат изложени на фестивалската сцена.

Утре,  22 јули е резервиран за шлагери и серенади. Од Битола во Трпејца специјално доаѓа познатиот Сефедин Бајрамов за заеднички да се потсетиме на некогашните негови хитови. Концертот е насловен „40 години – Охридски спомени“ тоа е првата негова песна која всушност и му ја обележа кариерата. Со песна и вино Сефедин и публиката заедно ќе ги пеат старите, добри  рефрени од златното време на македонските шлагери. Концертот ќе започне во 20:30 часот.      

Од вторник ќе почне  Работилницата за театар со актерката Марија Новак чии плодови од неколку дневната работа публиката ќе може да ги види на 26 јули вечерта во Трпејца.

„На зајдисонце“  ја отвора својата мала сцена , но со големо срце и за гости надвор од Македонија. Истата вечер на 23 јули благодарение на нашинецот Александар Глигуроски кој има свој бизнис во Прага – и културни релации со општина Модра во Трпејца и Охрид ќе донесе над 80 членови на Фолклорно друштво и хор од Чешка.

Следните вечери на културно – забавното лето „На зајдисонце“ во Трпејца резервирани се за настапите на Куклениот театар „Си беше еднаш“ под раководство на Снежана Караџовска Попова, актерот Јован Цветкоски од НАТГ  „Аматер“ од Охрид, дуото „ДИС“ Денис и Стефани, групата „Сарај“ од Охрид.  

Посебна атрактивна е вечерта со младите музичари од ОМУ „Методи Патче“,  „Вечерна променада – со кајче по езерото“. 

Новина е дводневната работилница и настап на Клубот за модерен танц „Соната“ под раководство на Даниел Наумоски од Охрид.

Од веќе традиционалните активности ќе бидат застапени: „Фаќаме риба на јадица“, кајакарската регата „Номче Митрески“ и прошетката низ Националниот парк „Галичица“ по патеката Чоколско.

Здружението „За Трпејца со љубов“ ги поканува сите заинтересирани да бидат дел од публиката и напоменуваат дека сите настани ќе се случуваат под ведро небо и се бесплатни за сите кои сакаат да учествуваат и да ги гледаат. И годинава поддршка на манифестацијата даваат спонзори и донатори од Охрид и земјава како и жителите на Трпејца и посебно сопствениците на кафеаните.

 

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive