Изложба на слики од Стефан Хаџи-Николов PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 20 јули 2019

hadzi1q.jpgВо рамките на дополнителната програма на фестивалот „Охридско лето“ синоќа се одржа изложба на слики од Стефан Хаџи-Николов.

Ова ќе биде 77-ма самостојна изложба на Хаџи-Николов и осма во Охрид со што, сликарот  го одбележува тридецениското присуство на охридската ликовна сцена. Претставени се 40 слики од три творечки циклуси на авторот: знаменитостите на Охрид, дела со фигуративна тема и слики од циклусот „Пејзажи на душата“.

-Презадоволен сум од вечерашнот отворање на мојата самостојна изложба која предизвика голем интерес кај  посетителите и љубителите на ликовната уметност.  Големиот интерес, пред се’, се должи на мотивите од Охрид и знаменитостите на градот, но по подолго време во Охрид ги и поставив фигуративните теми, вели авторото на оваа ликовна поставка.  hadzi2q.jpg

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Изложбата на големиот сликар Стефан Хаџи-Николов што „Охридско лето“ ја организира во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј од Охрид,  ќе биде достапна за љубителите на уметноста во Куќата на Робевци до 31 јули.

Стефан Хаџи-Николов е добитник на 16 награди меѓу кои и државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања за Република Северна Македонија во областа на културата и уметноста како и наградата „13 Ноември“ на град Скопје за долгогодишни високи остварувања во областа на сликарството.

Уметникот Хаџи-Николов  е роден  во Скопје, 1955 година. Педагошка академија- група ликовно воспитување завршил во 1975 година во Скопје.Член е на Друштвото на ликовни уметници од 1984 година.

 

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive