Охрид заедно со државата ќе урива дивоградби PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
сабота, 20 јули 2019

konstan1q.jpgОпштина Охрид до сега нема испратено официјално барање до Владата на Република Северна Македонија во врска со изземање или отстапување на ингеренции во одредена сфера од работењето на локалната самоуправа. Општина Охрид очекува дека заеднички со Владата преку плански и стартешки пристап, постепено, чекор по чекор ќе ги решава сите препораки на УНЕСКО и дека ќе ги поправи сите грешки од минатото,направени од претходните власти.соопштија денес од лоланата власт.

Од локалната велат дека нивна определба да биде отстранета опасноста за ставање на Охридскиот Регион на листата на заштитени подрчја во опасност.

 

“Целта е на наредната сесија на Комитетот за светско наследство, конечно да биде отстранета опасноста за ставање на Охридскиот регион на листата на заштитени подрачја во опасност. Во процесот на исполнување на препораките на УНЕСКО, Општина Охрид веќе има постапено по Препораката број 9 за Изработка на Регистар за нелегални градби, по Препораката број 19 со реализираната акција за отстранување на палмите кои се неавтохтони и инвазивни видови и со започнатата акција за отстранување на рекламните билборди од централното градско подрачје”

 

Оттаму предочуваат дека е објавен оглас за јавна набавка за ангажирање на градежна фирма  за рушење на дивоизградени објекти.

 

“Исто така веќе имаме спроведено и активности по Препораката број 18 за регулација на сообраќајот во Стариот дел на градот. Беа организирани две јавни трибини со жителите на урбаната заедница Стар град со цел да се разменат мислења за режимот на сообраќај и начинот на негово регулирање.Веќе започна да функционира системот за електронскоевидентирање на движењето на возилата во овој дел од градот, а за таа цел се издадени посебни картички за евиденција на моторни возила. Во моментот општинските служби, вршат поединечна ревизија засекој предмет кој е дел од Регистарот на дивоградби и поеднечно ќе се носат одлуки за понатамошнопостапување.Исто така во тек е постапката во врска со Огласот за јавна набавка за ангажирање на градежна механизација за спроведување на административно управни акти за рушење на дивоизградениобјекти. Сите активности кои Општина Охрид ќе ги преземе во наредниот период во однос на исполнување на препораките на УНЕСКО, ќе се одвиваат во согласност со сите законски процедури, во постојана координација и комуникација со останатите надлежни државни институции, а јавноста ќе биде навремено и детално информирана”,сооппштија од локалната власт  во Охрид

 

Последни измени ( сабота, 20 јули 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive