Безвременски звуци на "Cuba" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
петок, 19 јули 2019

pinkob1.jpgНа плажата Cuba Libre од 22:00 часот започнаа да се разлеваат безвременските звуци на музиката која одбележа цели генерации и остави длабок печат во нивната музичка наобразба, но и погледот кон светот. Групата исполни 16 хитови на Pink Floyd, а како и на првиот концерт на „Долни сарај“, настапот беше пропратен и со посебно видео и лајт шоу.

Прецизни, уиграни, со извежбани делници и соло моменти, со „симнати“ многу од карактеристичните Pink Floyd звуци и ефекти, со бравурозниот Анатоли Арнаудоски на гитара, Горан Папаз на саксафон, вокалистот Танески, но и сите останати музичари, направија публиката да замине со насмевка од оваа летна сцена. Музиката на Pink Floyd за многумина е преголем залак, но оваа охридско-струшка „музичка банда“ докажа дека сосема солидно може да се носи и со еден ваков предизвик.

Зад проектот NUMB - Tribute to Pink Floyd стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владимир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (клавијатури), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали.pinkob2.jpg

Зад промоцијата на настанот, кој ја исполни плажата до последно место, повторно, како и на „Долни сарај“, застана охридското Супер радио.
Последни измени ( петок, 19 јули 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive