Време и ноќ за убава музика во "Cuba" PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
четврток, 18 јули 2019

cuba1we.jpgВечерва музиката повторно се враќа во Охрид, време е за уште едно интимно музичко задоволство и вистинско уживање со проектот NUMB - Tribute to Pink Floyd.

- Ноќ посветена на еден од најголемите и највлијателните рок бендови воопшто во музичката историја, легендарните Pink Floyd. Ќе уживаме сите заедно во 16 безвременски хитови на Pink Floyd, пропратени со спектакуларно видео и лајт шоу. Зад проектот стои екипа од 11 музичари од Охрид и Струга: Димитри Алчев (гитара и вокал), Анатоли Арнаудоски (гитара), Ѓорѓи Калајџиевски (тапани), Владимир Кречоски (бас гитара), Никола Јосифоски (сајзери), Ангелко Јовчески (перкусии), Горан Папазоски (саксофон), Ѓоко Танески (вокал) и Ана Костадиновска, Сара Николовска и Весна Илиќ Павловска како пратечки вокали. Ќе се изведат некои од највредните дела на култните Pink Floyd како „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште 12 од најголемите хитови, кои го одбележаа музичкиот карактер и насока на една цела генерација, порачуваат организаторите.

Pink Floyd е една од највлијателните и најуспешни рок-групи на сите времиња. Со својата квалитетна мелодика и извонредна хармонија си обезбеди почесно место во историјата на рокот, и е на самиот врв на светската музика. Ако за некоја музичка група може да се каже дека ги премостила психоделичниот рок од 60-тите години на 20 век и електронските рок-експерименти од 70-тите години, сигурно, тоа се секако култните Pink Floyd.

- Сосема интимно музичко задоволство, NUMB - Tribute to Pink Floyd. Музиката се врати дома. Билети по рекламна цена од само 300 денари до 18:00 часот ќе се продаваат во сите „Тамаро“ маркети во Охрид и Струга, Music Shop ZZ Top, тезга „Аждер“ градска чаршија и плажа Cuba Libre. Билетите на врата ќе се продаваат по цена од 400 денари. Резервации на билети на 075/453-294, резервации на маси во Cuba Libre 075/357-545, додаваат организаторите

 Локацијата е плажа „Cuba Libre“, вечерва по 21:00 часот.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive