"Костал" ќе вработи уште 750 лица PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 17 јули 2019
kostalf1q.jpgГрадоначалникот на Охрид, Константин Георгиески заедно со Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Дирекцијата за технололошко индустриски развојни зони Александар Младеновски, денеска го посетија производствениот погон на германската компанија за производство на компоненти за автомобилската индустрија „Костал“ во Охрид.

Во рамки на посетата, беше остварена средба со извршниот директор на Леополд Костал Каи Кникман и потпретседателот на компанијата Кристофер Сандерс. На средбата присутвуваше и Амбасадорот на СР Германија во Република Северна Македонија, Томас Герберих.

На средбата, од компанијата „Костал“ најавија дека во капацитетот во Охрид, во текот на наредните пет години планирано е да бидат вработени уште 750 лица, односно до крајот на 2025 година, компанијата ќе достигне бројка од вкупно 1.150 вработени.

 

Градоначалникот Константин Георгиески изрази задоволство што една технолошки високо развиена компанија го избра Охрид за инвестиција
-Изразуваме почит кон ваквите инвестиции и во иднина ќе се залагаме на секаков начин да ги помогнеме ваквите инвестиции да бележат поголем раст и развој. Горди сме што во нашиот град се произведуваат високотехнолошки производи, ние ги анимираме младите да се образуваат и обучваат за да можат полесно да дојдат до работни места во вакви компании, рече Георгиески.

Во фабриката во Охрид, „Костал“ произведува модули за речиси сите светски автомобилски компании, односно комплексни производи за коишто се потребни квалификуван персонал и технолошки софистицирана опрема. Речиси 99 отсто од вработените во производствениот процес во „Костал“ се од Охрид и Струга.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive