Стоилкоски:Загрозен е статусот на Охрид во УНЕСКО PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
среда, 17 јули 2019
stoilkoski1q.jpg-Централната и локалната власт во Охрид ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. Тие при очи го прават слеп народот, па го убедуваат дека едвај на прсти се броеле дивограбите во Охрид, поради кои е загрозен статусот во УНЕСКО,рече на почетокот од денешната прес конференција Наум Стоилкоски,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали кога бројат на прсти ја бројат и дивоградбата кај чинарот во сопственост на советникот Нефи Усеини?

Нормите за градење се јасни кога станува збор за вакви дивоградби каква што е дивоградбата на Усеини која власта ја толерира.

Законот во член член 244-а велидека Тој што гради или изведува градба или врши надзор  над градба без одобрение за градење  или спротивно од одобрение за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од 3 до 8 години. Доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спротивно на закон или не издаде одобрение за градење, односно не го одбие барањето за градење во соодветен рок пропишан во член 59 од законот одговорното односно службеното лице подлежи на кривична одговорност согласност Кривичниот закон.

Градоначалникот на Охрид и локалната власт, наместо да постапуваат според законот за градење и да ја урнат дивоградбата, си играат мајтап со јавноста и ги оставаат бизис - партиските интереси пред интересите на граѓаните. Тоа веќе е очигледно бидејќи речиси половина година не се постапува, ниту кога дивоградбата беше во зачеток, ниту денес кога дивоградбата се претвори во дел од угостителски објект од која некој дебело заработува.

Затоа јавно прашуваме: Дали градоначалникот Константин Георгиески освен политичкиот има и материјален интерес од оваа дивоградба?

Дали локалната власт и градоначалникот кривично ќе го гонат советникот Нефи Усеини за оваа дивоградба?

Дали градоначалникот Георгиески е свесен дека заради непостапувањето и тој лично станува соучесник во ова прекршување на законот и самиот може да биде кривично гонет?

Јавноста и во случајот со дивоградбата во Охрид јасно гледа дека оваа криминална власт нема абер од почитување на законот. За нив власта е само гола политичка алатка за личен бенефит и ништо повеќе од тоа.

Прекршувањето на закон едноставно кажано е криминал и за тоа мора да има кривична одговорност. Ако сега се чуствуваат комотни и заштитени, треба да знаат дека ќе дојде време кога обвинителството ќе биде ослободени од канџите на Заев и сите ќе одговараат. Тоа време брзо ќе дојде.кажа Стоилкоски.

Последни измени ( среда, 17 јули 2019 )
 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive