УНЕСКО заштити фарма за пастуви во Чешка PDF Печати Е-Маил
Кориснички Рејтинг: / 0
ЛошОдличен 
вторник, 16 јули 2019
Фарма за пастуви во Чешка основана пред 440 години е првата фарма која се најде на листата на заштитено светско културно наследство на УНЕСКО.pastuvi1q.jpg

Фармата, што се наоѓа во градот Кладруби на Лаба, 90 километри од Прага, била основана за одгледување и тренирање коњи за свечености на дворот на владетелот на Хабсбуршката Монархија.

Таа официјално почнала со работа во 1579, кога царот Рудолф Втори ѝ дал царски статус, а ја основал неговиот татко, царот Максимилијан Втори. Меѓу славните гости кои го посетувале местото, каде има и мал замок и црква, биле и царот Франц Јозеф Први и неговата сопруга Елизабета од Баварија.

Фармата има површина од 1.310 хектари, исто како и во 16. век (Фото: АП)

Фармата преживеала војни и голем пожар во 18. век, а по распадот на Австро-Унгарија во 1918, ја презела новоформираната држава Чехословачка. Традицијата на одгледување коњи опстанала и во комунистичкото владеење.

Во 2015, целиот простор беше реновиран со голема сума пари од фондовите на Европска Унија. Фармата зафаќа површина од 1.310 хектари, исто како и во 16. век.

„Фармата во Кладруби е една од водечките институции во Европа за одгледување коњи, создадена во време кога коњите имале значајна улога во транспортот, земјоделството, војувањето и во аристократското претставување“, објави УНЕСКО.

 
< Претходно   Следно >
Click for Охрид, Macedonia Forecast
bigorski.jpg
infel_logo_1.jpg    

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ РЕЦЕПТИ.. ................ ....ОХРИДСКО ЛЕТО 2018

caj.gif

ohleto_160_80.jpg

Слични теми

Реклами

img_1108.jpg 
  
54bcb16d94985.jpg
logo1.jpg    
  hotel-mir1-zlatibor-zute-strane-imenik.jpg
biljani.jpg
ineks.jpg


panam.jpg
palmer_logo.jpg
logo_kultura.jpg   
    
 

Контакт

Доколку имате некоја забелешка за ефикасноста и функционалноста на нашиот сајт од технички аспект, контактирајте со администаторот. Контакт...

decarotari.jpg

Copyright © 2008 by OhridLive

logoprepoznatlivo.jpg  

   

logo_ohridlive_1.jpg
  

 

 

  

   

OhridLive